Дали четката за коса ја држите погрешно цел живот? Фризер покажа како да се исчешлате без да ја заплеткате косата
На прва можеби ќе помислите какви се овие глупости, но навистина има смисла...
Мет Њуман, фризер од Њујорк, со задоволство споделува совети за нега на коса на социјалните мрежи, па така овој пат на ТикТок покажа како правилно треба да се држи четката во раце, за косата да не се мрси.
Погледнете како го прави тоа:
@mattloveshair Answer @GLAMZILLA this #hairbrush tip from @michelepritchardhair is one of my favs!! #healthyhair #detanglehair Da Ya Think I'm Sexy? - Rod Stewart
„Гледајте како се лизга низ косата! За време на чешлањето, четката треба да ја држите вертикално, а не хоризонтално. Кога се чешлате на овој начин, тогаш таа може лесно да поминува низ косата, а со тоа да спречите заплеткувања и кубење.“ - објасни тој.
Неговиот совет е да ја нахраните косата и на тој начин помалку ќе ви се мрси.
Ако сакате косата да ви биде мека и да не се мрси толку, понекогаш даде ѝ природно хранливо пакување, кое е подготвено во домашни услови. Подготовката не може да биде поедноставна, а препорака е да се користи еднаш неделно.
Третман за коса од авокадо
Состојки: зрело авокадо, една лажичка маслиново масло, лажичка мед, јајце
Постапка: Мешајте ги состојките додека смесата не стане хомогена. Нанесете ја маската рамномерно на косата од коренот до врвот. Оставете ја да отстои околу 20 минути додека маската да упие. Измијте ја со топла вода.
Третман за коса од алое вера
Состојки: лист од алое вера, една лажица бадемово масло
Постапка: Исечете го листот алое вера по средината, па исечкајте го и измешајте го бадемовото масло. Нанесете ја смесата на косатаа и главата замотајте со пластична фолија или кеса. Оставете ја да отстои околу 20 минути и потоа измијте ја со топла вода.