Дали Џастин ќе стане татко: На социјалните мрежи се шират гласини дека Хејли Бибер е бремена
Дали доаѓа ново засилување во семејството Бибер?
На социјалните мрежи почна да се шири вест дека Хејли Бибер е бремена и дека таа и Џастин ја слават среќната вест на Бахамите.
Оваа славна двојка наскоро ќе ја прослави својата петта годишнина од брак, а многу фанови очигледно навиваат за ново засилување во семејството Бибер.
Па, од каде им причината и докази за таквите тврдења?
Парот всушност се сврши на Бахамите, а бидејќи летуваат во Бејкерс Беј (местото каде што се вериле), фановите претпоставуваат дека се вратиле на место кое за нив има важно значење, повторно да прослават нешто важно.
На „TikTok“ кружеше интересна објава од Келси, која е 100% сигурна дека Хејли е бремена.
„Овде слушате за прв пат. Имам доказ, но сè уште не можам да го споделам. Хејли и Бибер се на јахта во Бејкерс Бејс, Бахамите и ја слават бременоста“, рече Келси во својата објава.
Видеото подоцна беше избришано од нејзиниот профил, но сè уште се врти на TikTok.
Дополнително, Хејли неодамна објави фотографија на која носи розови панделки во косата и розов молив за очи, што не е вообичаено за неа. Фановите отидоа чекор понатаму и погодија дека тоа значи дека Хејли чека девојче.
Други во коментарите истакнаа дека Џастин неодамна ја откажал својата „Justice World Tour“ за време на која требало да настапи во САД, Европа, Австралија и Азија. Ѕвездата се извини, велејќи дека ја одложува турнејата поради здравствени проблеми, но обожавателите се прашуваат дали бременоста на неговата сопруга е можна причина за откажувањето.
Поради сето ова што се случува на социјалните мрежи, американските таблоиди решија подетално да ги разгледаат гласините и ги проучија нејзините неодамнешни појавувања во јавноста.
Тврдат дека тоа се невистини. Славната двојка допрва треба да ги коментира овие гласини или да ги негира тврдењата.
Ова не е прв пат вакви озборувања да кружат на социјалните мрежи. Манекенката на својот Инстаграм веќе ги отфрли гласините за бременоста. Минатата година таа со своите обожаватели сподели фотографии од отечениот стомак и напиша дека не е бебе, туку дека има циста на јајниците.
Извор: teen385.dnevnik.hr