Дали е безбедно осветлување на косата на сонце со лимон? Еве што велат експертите
Што може да очекувате ако одлучите да ја осветлите косата со лимон?
Сигурно сте виделе на социјалните мрежи дека е хит да земете лимон со себе на плажа и да го исцедите на косата. Ова е еден од природните методи за осветлување на косата кој ова лето стана вистински хит.
Постојат различни начини за осветлување на косата, а ставањето сок од лимон на неа е само еден од природните. Кога нешто е природно, сепак звучи подобро отколку да ги ставите различните хемикалии кои се наоѓаат во боите за коса на вашата коса. Ако поминувате време на „TikTok“, големи се шансите ова лето да сте виделе дека цедењето лимон на косата, а потоа седењето на сонце стана вистински тренд. Добиените прамени изгледаат навистина добро и трикот очигледно функционира. Ова не е нова работа или нов изум, туку нешто што постои со децении и можеби дури и вашата мајка или баба правеле прамени на овој начин. Секој го прави тоа на свој начин, а прашање е дали ваквото осветлување на косата е безбедно и дали воопшто треба да го правиме тоа?
@vlakhov its lemon highlights season again #bleachedhair #lemonhighlights #blondehair #hairhacks #beautytok #naturalhighlights #hairhighlights #beautyhacks
Нема сомнеж дека можете да ја видите разликата и дека трикот функционира. Една тиктокерка направи снимка пред и по нејзината коса.
@vlakhov #naturalhighlights #lemonhighlights #bleachedhair #beautyhacks #lemoninhairresults #bleachingwithlemon
Експерт по трихологија (наука која се занимава со проучување на косата и скалпот), Тифани Јанг, зборуваше за „Њујорк пост“ за овој тренд и неговите последици врз косата. Таа рече дека да, ова навистина може да помогне да се направат убави прамени во косата и дека користењето на лимон е подобро од избелувањето на косата. НО од друга страна, овој метод не е најдобар за вашата коса. Лимонот ја кородира, особено кога се комбинира со сонце. Вашата коса ќе стане посува, налик на слама и ќе го изгуби својот сјај бидејќи лимонот и сонцето ќе ги отстранат природните масла кои ја штитат косата. Особено ако ја повторувате постапката неколку пати. Таа исто така додаде дека нема да делува толку добро на потемна коса како на светла. Така, иако ова функционира, нема да направи голема штета на вашата коса, но очекувајте дека веројатно ќе направи нешто. Сега кога ги знаете можните последици, одлучете дали сакате да го направите ова или не.
Извор: teen385.dnevnik.hr