Дали е љубовница на нејзиниот сопруг или не, Карлеуша сепак ги носи нејзините фустани
Српската пејачка Јелена Карлеуша не престанува да изненадува со своите секси изданија и минијатури, тесни фустани и неверојатни креации кои веројатно не би ги облекол некој друг освен неа.
Од неа навистима може да очекува сешто, а ги изненади сите кога облече фустан со потписот на манекенката Софија Милошевиќ за која многумина зборуваат дека му е љубовница на нејзиниот сопруг Душко.
Иако уште тогаш покажаа дека во приватниот живот имаат добар однос, шпекулациите долго време не стивнуваа, а на социјалните мрежи кружеа и фотографии на кои Софија се забавува во еден ресторан во друштво на Душко.
Но, изгледа дека овие озборувања се лажни, бидејќи Јелена повторно се појави во фустан на Софија, овој пат виолетов, кој ги истакна нејзините атрибути.
Го одбра за една роденденска прослава, а во него дефинитивно го украде целото внимание.