Дали е ова злоставување на дете? Во училиште ѝ залепиле селотејп на нозете - бесната мајка раскажа сѐ
Тинејџерка носела искинати фармерки, а тоа училиштето го оценило како несоодветно.
Наводно, наставниците ја прикриле нејзината откриена кожа со селотејо пред тинејџерката да ѝ се јави на својата мајка. Шана го сподели своето искуство на ТикТок, покажувајќи како изгледаат нозете на нејзината ќерка и како го решила проблемот на училиште.
Бесната мајка се снимила како влегува во училиштето и се слуша како ја прашува ќерката „Кој го направи тоа?“. Предизвикувајќи еден член на персоналот зад пластичниот параван, таа продолжи: „Дали мислевте дека е прифатливо да ставите селотејп на кожата на ќерка ми?“ Кога жената зад пултот ѝ одговорила дкеа тоа е правило, Шана ја прашала: „Дали е правило да се става селотејп на кожата на дете?“
Watch on TikTok
„Дали претерувам или оправдано ме нервира што што училиштето сметало дека е прифатливо да се стави селотејп на кожата на моето дете? Требаше да ме повикаат од училиштето ако сакаа да ги смени панталоните. Никогаш порано не сме имале проблем со кодексот на облекување. Навивачките униформи се пократки од ова. Таа беше понижа и тоа морала да го прикрие со тоа што го врзала палтото на предната страна. Мојата ќерка има егзема и чувствителна кожа, да не ми испратеше порака, ќе седете цел ден селотејп, кој ќе ѝ ги иритираше нозете“ - напиша таа во видеото.
Видеото кое собра речиси 4 милиони прегледи е полно со поддршка до оваа мајка.
„Кодекс на облекување или не, ги повикуваш родителите и им кажуваш да земат облека за пресоблекување. Не можете да залепите нечие дете“, „Училиштата на нашите деца ни даваат грди тренерки, но ако се прекршат правилата се контактираат родителите“ - гласеа само некои од коментарите под видеото.
фото: Принтскрин / ТикТок