Дали е виновна мајката од пеколот? По драмата Џиџи и Зејн, Дуа Липа го остави братот на познатата манекенка
Според странските медиуми, Дуа Липа го напуштила Анвар, братот Џиџи и Бела Хадид.
Деновиве во семејството Хадид се чини дека само Бела е вљубена, со оглед на тоа што по Џиџи и Зејн и Дуа Липа и Анвар „раскинаа“ по две години врска.
Според The Sun, одлуката за разделбата дошла по неколку недели на криза.
Сега направиле пауза за на мир да ја преболат ситуацијата, пред јавно да проговорат.
Меѓутоа, сега се појави информација дека парот се разделил и склучил мир претходно, но многу вешто го криеле тоа од јавноста. Најголема причина за разделбата, била најмногу работата на Дуа, поради што со месеци е во Лос Анџелес каде што снима нов албум, додека Анвар е во Њујорк сам со нивното куче.
Пред да одлучи да се разделат, Анвар остави криптична порака на Инстаграм во која рече дека е „благодарен на сите оние кои тргнале по неговите стапки и кои го сакаат“.
Интересно е и тоа што парот почнал да живее заедно само 2 месеци по запознавањето, а сето тоа време не ја криеле големата љубов, поради што важеле за еден од најхармоничните парови во Холивуд.
Меѓутоа, сега се појавија наводи дека далечината не била единствената причина за разделбата. Имено, како што е познато дека Јоланда Хадид е глава на семејството, се сомнева дека и во оваа приказна „замешала прсти“.
Имено, иако е познато дека таа немала никакви конфликти со Дуа, а често сите заедно можеле да се видат јавно, Јоланда често правела потези на мрежите кои многумина ги сметале за дискутабилни.
На пример, таа во една прилика целосно ја отсече од фотографија албанската пејачка и на својата приказна сподели само фотка од нејзиниот син, а тоа не е единствениот пат кога направила такво нешто. Веќе подолго време се зборува дека Јоланда не ја сака Липа, иако пред јавноста се однесуваше како „големо, среќно семејство“.
Како „мајка од пеколот“ или „мајка чудовиште“ како што сè уште ја нарекуваат еден од директните виновници за разделбата на Џиџи и Зејн, јасно е зошто многумина веруваа и во приказната дека токму таа одлучила на оваа романса да и дојде крајот, затоа што и беше во ред додека само се забавуваа, но како што споменуваат свадби и слично во последно време, не и се допадна како опција.
Дали има вистина во сите овие приказни, времето ќе покаже, како и дали Дуа и Анвар ќе се смират и ќе ја продолжат својата врска, а можеби и ќе ја крунисаат со брак, без разлика дали тоа и се допаднало или не на Јоланда.
Фото: Инстаграм-screenshoot