Дали има помирување на повидок: Кралското семејство соопшти дека е воодушевена од раѓањето на ќерката на Хари и Меган
Членовите на британското кралксо семејство го изразија своето „воодушевување“ поради раѓањето на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл.
Кралицата, принцот Чарлс, Камила и принцот Вилијам и Кејт, објави заедничко соопштение по повод раѓањето на Лилибет Лили Дајана и во него потврдиле дека се „известини“ за новостите.
„Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Кронвел, и војводата и војвотката од Кембриџ се известини и воодушевени од вестите за раѓањето на ќерката на војводата и војвотката од Сасекс“ - се наведува во краткиот одговор на Какингемската палата.
Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл вчера го објавија раѓањето на своето второ дете.