Дали Кајли Џенер планира да го остави Тревис Скот по трагедијата на фестивалот „Astroworld“?

Дали Кајли Џенер планира да го остави Тревис Скот по трагедијата на фестивалот „Astroworld“?

Објавена во: Совети // Семејство

На сите ни е добро познато што се случи на неодамна одржаниот концерт на светски популарниот рапер, каде животот го загубија девет луѓе поради неадекватните услови за одржување на настап.

Дали поради тоа семејството Кардашијан - Џенер одлучи да го отфрли и кои од проектите, кои Тревис ги имаше со големите брендови се откажани поради оваа ситуација, ти откриваме во продолжение.

Најпрво ќе почнеме од некои големи соработки кои раперот ги имаше со популарните компании и познати лица, а кои сега се прекинати.

# McDonald’s

На прво место е неговата соработка со McDonald’s, за „оброкот на Тревис Скот“, кој поради големата побарувачка, доведе до недостаток од состојки за бургерот. Извори велат дека Тревис во 2020 година од тоа земал 20 милиони долари. Иако некои велат дека таа соработка била завршена кон крајот на 2020 година, обожавалите сметаат дека McDonald’s, по инцидентот, не би соработувал повторно со Скот.

# Huston Rockpets 

НБА тимот, Huston Rockpets, одлучи да ја одлужи планираната „вечер со Тревис Скот“, на која требаше да се подарам илјадници limited edition маици, кои се правени со спојување на брендот на Тревис, Cactus Jack и логото на тимот.

# Fortnite

Светски познатата игра, го тргна анимираниот лик на раперот од играта, неговиот танц, како и песната „Out West“.

# Nike x Cactus Jack 

Брендот Nike, го одложи излегувањето на новите патики кои се правени во соработка со брендот на Тревис, со зборовите: „Со почит кон секој на кој влијаеше трагичниот настан на фестивалот „Astroworld“, ќе го одложиме излегувањето на Air Max 1 x Cactus Jack“.

А сега, да видиме како семејството Кардашијан - Џенер реагира на новонастанатата ситуација. На обожавателите им е добро познато дека контроверзното семејство снима своја емисија за стриминг сервисот „Hulu“, во која свој дел требаше да има и Тревис.

Како што кажуваат изворите, тоа нема да се случи, бидејќи семејството го отстранило неговиот дел од емисијата. Во емисијата ќе се прикаже веридбата на Клои, Ким и нејзиното флертување со Пит Дејдсон, а дури и известувањето на Кајли за повторната бременост. Меѓутоа, по трагичниот концерт на кој се наоѓаа Кајли и Кендал во бекстејџот, видеата од Тревис се избришани.

Истрагата на целиот настан е уште во тек, а тоа е нешто за што никој од нив не би сакал да зборува во емисијата.

Некои обожаватели се лути поради нивната одлука, како што велат: „Кардашијан - Џенер би требало да го поддржат Тревис, а не да го отфрлаат и да се кријат од него, за да избегнат скандал, како што секогаш и прават“.

„Зопшто воопшто го исфрлаат од емисијата, кога Кајли самата кажа дека тој бил свесен што се случило дури на крајот од концертот?“ - додаде друг обожавател.

Една од најтрагичните вести по концертот беше тоа што мало момче од 9 години, почина од повредите добиени на концертот. Момчето откако го газеле луѓето, туркале и удирале, имало потрес на мозокот, но и оштетување на црниот дроб и бубрезите.

Кога веста за трагедијата дојде до јавноста, медиумите објави дека Кајли се чувствува многу лошо и прави сѐ за да го поддржи Тревис.

На Инстаграм објави пост, во кој јавно го поддржа и исто така истакна дека тие не знаеле што се случува, сѐ до крајот на концертот. Меѓутоа, она што е откриено, е дека Кајли го напуштила нивниот „Houston Mansion“ каде престојувале за време на фестивалот, а изнедување било и тоа што таа уште во текот на вечерта си заминала со својот приватен авион, за да остане незабележана, оставајќи го својот избраник.

Потоа се најде со својата менаџерка и мајка - Крис Џенер. Исто така, помладата сестра Џенер поретко споделува објави н аИнстаграм, што уште повеќе ги полудува обожавателите.

Некои разбрале дека Кајли сакала да биде на дистанца и да се одвои, но тоа го доведува во прашање нејзиниот однос со Тревис.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: