Дали Кун Агуеро е наследникот на Меси?
Го споредуваат со Марадона, со Меси и со Тевез, го сметаат за еден од најдобрите играчи, веднаш зад неговиот сонародник Лионел Меси, тој е најдобриот стрелец во екипата на Манчестер сити - Серхио Леонел Агуеро де Кастиљо.
Еве неколку работи што можеби не сте ги знаеле за Аргентинецот што игра во англиската Премиер лига.
# Роден е во Квилмес, провинција на Буенос Аирес во 1988 година.
# Член на екипата на Маначестер сити е од 2011 г. , а боите на овој клуб ќе ги брани до 2019 година.
# Агуеро како и многу други аргентински фудбалери не успеа да ги избегне споредбите со легендарниот Диего Марадона. Поради начинот на игра го споредуваат и со Меси, но и со Тевез.
# Прекарот Кун го добил од неговиот сосед и е според лик од јапонски цртан филм што Серхио обожавал да го гледа како мал.
# За А- тимот на Аргентина дебатираше во 2006 година.
# За клубот Индепендиенте заиграл на само 15 години и 35 дена, со што станал најмладиот играч во историјата на аргентинската лига. Рекордот пред него го држел Марадона.
# Агуеро беше во брак со најмалата ќерка на Диего Марадона, Џианина. Од овој брак тој го има синот Бенџамин, чие име и датум на раѓање ги има истетовирано на своето тело.
# Освен тетоважата со името на син му, има уште една која е на измислениот јазик Тенгвар (од Господар на прстените) која го означува неговиот прекар и презимето.
# Во 2014 г. ја напиша својата автобиографија Sergio Aguero: Born to Rise (Роден да успее), во која Лео Меси го опишува како свој брат. Предговорот на автобиографијата го напишал токму Меси.