Дали на моето дете му е потребно животно осигурување?
Честитки! Имате ново бебе во семејството! Додека ги купувате најважните работи за вашата принова, треба да почнете да размислувате и за животно осигурување. Но, зошто на дете, а уште помалку на бебе, би му требало животно осигурување?
Животното осигурување за деца вклучува две компоненти – осигурување и штедење, така што родителите, бабите и дедовците можат да го договорат за своите деца и внуци, за да им помогнат да ги направат првите чекори во понатамошниот живот. По истекот на полисата, договорениот износ еднократно се исплаќа на детето како поддршка при плаќање школарина, купување стан, прв автомобил, или можеби за живот во странство.
Кроациа Осигурување - Живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина за вашето дете. Коко детското штедно осигурување претставува полиса која обезбедува осигурување и воедно штедење за вашето дете и план за заштеда во корист на детето. Постои и Коко Инвест осигурување на живот кај кое полисата нуди можност за остварување на атрактивен принос со умерен ризик и професионално управување со средствата.
И двата вида детско штедно осигурување опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години (максимум до 25-годишна возраст на детето). Постои и можност за избор на динамиката на плаќање и сумата која се уплаќа. Исто така, детето е единствен корисник на средствата и осигурувањето е временски и просторно неограничено.
Со детското штедно осигурување обезбедувате сигурна иднината на своите најмили. Затоа, треба да се склучи договор за детско штедно осигурување што побрзо, за да можат во текот на годините да се акумулираат повеќе средства.
* ПР - Објава