Дали ова е новото момче на Ким Кардашијан? Милионерот важи за совршен материјал за брак, а таа тврди дека не е нејзина мета

Дали ова е новото момче на Ким Кардашијан? Милионерот важи за совршен материјал за брак, а таа тврди дека не е нејзина мета

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Листата со додворувачи со кои ја спојуваа е долга, а сега повторно се зборува дека започнала нова романса...

Најпознатата ријалити ѕвезда на светот Ким Кардашијан откако поднесе барање за развод на бракот од раперот Канје Вест ја интригира јавноста со својот љубовен живот.

Листата на додворувачи со кои ја спојуваат е долга, а сега повторно се зборува дека започнала нова романса со британскиот милионер Џејми Рубен.

Имено, кон крајот на мај беше една од гостите на луксузната роденденска прослава на популарниот бизнисмен. Во холивудските кругови се шпекулира дека Ким на оваа забава не била само како пријателка, туку дека помеѓу нив постојат и љубовни искри.

Инаку, Џејми го викаат „најмистериозниот ерген во Лондон“, а за него не се знае многу. Но, сигурно е дека тој ќе наследи богатство од 26 милијарди долари и може да се пофали со многу влијателни пријатели, како што се принцезата Беатрис, Парис Хилтон и СКутер Браун.

Рубен е згоден самец во своите 30 - ти, а магазинот „Tatler“ минатата година го опиша како „совршен материјал за брак“. Моментално е генерален директор на семејната компанија, а накратко искоментира зошто толку настојува да ја заштити својата приватност.

„Тоа е пристап кој добро функционира за мене. Спротивно на сите сите мои инстикти е да разговарам со новинар“ - кажа Рубен.

Да потсетиме, неодамна излезе новата епизода од популарното реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“ во кое Ким плачеше пред камерите. Причината за тоа беа нејзините чувства кои ги сподели со своите сестри, а се однесуваат на разводот со Канје.

фото: JAMES VEYSEY / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: