Ким Кардашијан во солзи: Јас сум губитник, многу го изневерив! (ВИДЕО)
FOTO: PRINTSCREEN/YOUTUBE
Ким Кардашијан (40) плачеше пред камерата во последната
епизода од шоуто Keeping Up With the Kardashians.
Им откри на своите сестри како се чувствува во врска со разводот со Канје Вест. „Не можам повеќе да го правам ова. Го изневерив“, започна низ солзи Ким.
„Тој е одличен татко и мислам дека заслужува некој што ќе го поддржува секој негов потег, кој ќе биде со него и ќе го следи каде и да оди. Се чувствувам како губитник на крајот на 13-годишниот брак“, рече таа, а сестрите ја тешеа.
Инаку, Ким на почетокот на оваа година поднесе барање за развод од Канје, а подоцна тие одлучија дека ќе продолжат заедно да ги воспитуваат своите четири деца. Во меѓувреме се преселил во еден имот во Вајоминг, а Ким останала со своите деца во Хиден Хилс.