Дали предизвикот Momo е закана за децата или е интернет измама?!

Дали предизвикот Momo е закана за децата или е интернет измама?!

По Плавиот кит, пристигна нов „предизвик кој ги тера децата на самоубиство“. Сите медиуми ширум светот јавија дека т.н. Momo предизвик е закана за децата. Или пак сето тоа е интернет измама?

Што е Momo предизвикот?

Веста за опасната игра која ги повикува децата да се убиваат започна да се шири во февруари оваа година. Приказната за кратко време стана глобална, но тоа е така зошто секој си додава одреден слој лаги. Кон ииницијативната приказна, децата преку Whatsapp ги контактира налог зад кој се наоѓа Momo.

Некои верзии на приказната сугерираат дека хакерите неочекувано ја прикажуваат сликата на телефоните на жртвите. Од децата, наводно се очекувало да го симнат ликот во телефонот за да го објаваат разни предизвици. Во исто време им е кажано ништо да не им кажуваат на родителите и членовите на семејството. Секако, на крајот на предизвикуват се очекува од детето да си пресуди на себе.

Како што обично се случува, се појавија приказни дека веќе 130 тинејџери умреле во Русија од последиците на Momo предизвикот. Секако, не постојат официјални податоци кои би ја потврдиле вистинитоста на оваа приказна. Секако, секој „таблоид“ што посакува кликови си додава информации „од сопствени извори“ кои се веродостојни колку и почетната приказна.

На крајот се испостави дека приказната нема врска со вистината, но е многу поопасно тоа што произлезе од неа – креирање на реална опасност. Благодарение на кревањето паника на национално ниво од страна на медиумите, манијаците искористија шанса.

Па така сега на YouTube може да сретнете многу  видеа на оваа тема. Најмногу видеа се направени за прегледи. Секако, ниту едно од нив не повикува на самоубиство, но доволно е тоа што дава лажна слика дека приказната е вистинита.

Веќе се појави видеото Прасето Пепа во кое може да се види фотографијата на Momo, што може да ги вознемири малите деца. Најлошото е тоа што оваа приказна постои веќе 3 години, но светските медиуми дури сега ја приметија. Се верува дека заинтересираноста започна по појавата на хорор видео – играта Momo која и понатаму може да се најде на Stream.


Што е навистина Momo?

Доколку ги прашувате светските таблоиди, Momo е ново чудовиште кое ќе ги натера децата да скокаат од тераса и да си ги сечат вените. Она што е вистина е дека е лик кој се плаши од родителите и го смислил јапонскиот уметнил Keisuke Aiso. Како што може да се забележи, ликот од видео – играта Momoе директно инспириран од неговата скулптура.

Делот каде што Momo влегува во телефонот и праќа класични пораки на Whatsapp најверојатно доаѓа од некој медиум кој видел „скриншот“ од играта. Во играта оваа креација навистина испраќа пораки на Whatsapp! Тоа е доволно на некој да започне војна за да ги укине сите видео – игри, Интернетот, а потоа и мобилните телефони и електричната енергија.

Можеби ќе ве интересира: