Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите
Додавањето на моделот The Frame во линијата на хотелски телевизори на Samsung носи прилагодливи уметнички прикази, збогатувајќи ја естетиката на собата со уникатен спој на луксуз и персонализација
Интеграцијата на Google Cast ја унапредува забавата на гостите со персонализирано и едноставно стриминг искуство
Samsung Electronics, глобалниот лидер во технологијата на екрани, денес го најави претставувањето на својата долгоочекувана понуда на хотелски телевизори за 2025 година на саемот Integrated Systems Europe (ISE) 2025 во Барселона.Новата линија комбинира софистициран дизајн, врвни карактеристики за забава во собата и уникатна платформа, зајакнувајќи ја посветеноста на Samsung за редефинирање на врвното хотелско искуство.
„Нашата линија на хотелски телевизори за 2025 година е дизајнирана да го подигне искуството на гостите на повисоко ниво, ставајќи ја персонализацијата во центарот на понудата,“ изјави Хун Чунг (Hoon Chung), извршен потпретседател на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics.Хотелите можат да го приспособат амбиентот на своите соби со Art Mode на The Frame, да понудат беспрекорно стриминг искуство преку Apple Airplay и новата Google Cast технологија, како и да овозможат практичнаконтролана околината во собата преку SmartThings Pro, сè според индивидуалните желби на гостите.“
Редефинирање на хотелската естетика со The Frame
Линијата за 2025 година на Samsung го воведува наградуваниот The Frame (модел HL03F)[1] како хотелски телевизор со извонреден 4K QLED квалитет на слика, со богати бои, длабок контраст и реалистични визуелизации во секоја соба, заедно со модерен и софистициран дизајн кој го трансформира ентериерот. Со својот Art Mode, The Frame им овозможува на менаџерите на хотелите да ги приспособат гостинските соби и околината со прикажување на куриран избор на модерни или класични уметнички дела – илидури и други приспособени слики како што се визуали со хотелското лого– когателевизорот не се користи.
Во комбинација со антирефлексниот мат екран, кој ги минимизира светлосните одблесоци, и тенкиот ѕиден држач, кој овозможува телевизорот да стои на ѕидот како вистинско уметничко дело, The Frame ја подигнува естетиката на хотелите со уникатен спој на луксуз и персонализација.
Како официјален спонзор на визуелни екрани на Art Basel, The Frame ја одразува посветеноста на Samsung за спојување на врвната технологија и безвременскиот дизајн. Неговото воведување поставува нови стандарди за хотелите кои сакаат да им понудат на своите гости префинето, персонализирано и визуелно импресивно искуство.
Подобрување на искуството на гостите со Google Cast за беспрекорно стриминг искуство
Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година, заедно со моделот HBU8000 од 2024 година, ја подигнува забавата во хотелските соби на повисоко ниво со поддршка за Google Cast[2] за безбедно и беспрекорно стриминг искуство во собата. Гостите ќе можат лесно да ја споделат својата омилена содржина директно од своите Android и iOS уреди на телевизорот, без потреба од дополнителни уреди или барања за најава. Процесот на поврзување е брз и едноставен, користејќи QR-кодови за моментално спарување.
„Возбудени сме што ја воведуваме Google Cast технологијата на телевизорите на Samsung, зголемувајќи ја погодноста на беспрекорното споделување содржини и на угостителските и на потрошувачките модели,“ изјави Тајгер Лан (Tiger Lan), постар директор за инженеринг за искуства со повеќе уреди во Google. „Без разлика дали гостите уживаат во нивните омилени емисии и плејлисти на хотелските телевизори или се опуштаат со стриминг во домот, оваа соработка им обезбедува сигурен и персонализиран пристап до нивната содржина, каде и да се наоѓаат.“
Линијата, исто така, поддржува Apple AirPlay[3], овозможувајќи им на хотелските гости едноставно стриминг искуство и безбедно поврзување на нивните iOS и iPadOS уреди со телевизорите во нивните соби.
За разлика од традиционалните системи, Apple AirPlay и Google Cast можат да се користат независно од барањата за системски интегратор (СИ) од трети страни, поедноставувајќи ја инсталацијата за хотелите и намалувајќи ги инфраструктурните барања. Дополнително, Samsung обезбедува високо ниво на приватност, бидејќи никакви лични податоци или податоци за поврзување на уредите не се зачувуваат, што им овозможува на гостите целосна безгрижност за време на нивниот престој.
Олеснување на хотелското работење со поврзан екосистем
Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година воведува целосно поврзан екосистем дизајниран за унапредување на работењето и подобрување на искуството на гостите.Со Tizen 9.0, гостите добиваат интуитивен и лесен интерфејс кој го олеснува пристапот до стриминг апликации, паметни контроли на собата и персонализирани услуги, создавајќи пријатен и поврзан престој.
За хотелските оператори, LYNK Cloud нуди моќно клауд-базирано решение, кое комбинира испорака на персонализирана содржина, далечинско управување со уреди и over-the-top (OTT) забава. Со вградена платформа за е-трговија, гостите можат да добијат услуги како што е нарачување на собна послуга, резервирање хотелски услуги и пристап до дигитален консиерж. Во исто време, хотелските менаџери добиваат вредни податоци за персонализација на содржините за гостите и имплементација на целни промоции во собите или објектите на глобално ниво, зголемувајќи ги ефикасноста на работењето и задоволството на гостите.
SmartThings Pro дополнително ја зајакнува поврзаноста со IoT (интернет на нештата), овозможувајќи безбедна и централизирана контрола на Samsung Hospitality телевизорите, Smart Signage, климатизерите и многу повеќе. Со скалабилна контролна табла и прилагодливи интерфејси за програмирање апликации (API), SmartThings Pro им овозможува на хотелските ИТ тимови да ги следат перформансите, да управуваат со уредите во повеќе единици и да овозможат беспрекорна интеграција со постојните системи.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1]Функционалноста на The Frame во линијата на хотелски ТВ може да се разликува од верзијата за потрошувачите.
[2]Google Cast е заштитен знак на Google LLC. Google Cast поддржува Android 6 и понова верзија и iOS 14 и понова верзија. Достапноста може да варира во зависност од уредот, верзијата на софтверот и регионот.
[3] AirPlay е компатибилен со iOS 11, iPadOS 13, macOS Mojave 10.14 и понови верзии. Достапноста може да варира во зависност од уредот, верзијата на софтверот и регионот.
*ПР објава