Дали сестрите Хадид се најголемата утка на Мет Галата: Бела и Џиџи разочараа со авангардните изданија нетипични за нивниот стил
На овогодинешниот Мет Гала бал, како и секогаш, присуствуваа најпопуларните личности од областа на модата, музиката и забавата. Како и секоја година, првиот понеделник од мај беше резервиран за најголемиот моден настан.
Меѓу овогодинешните гости беа и сестрите Хадид, Џиџи и Бела.
Познатите сестри Хадид запрепастија многумина од парчињата облека кои ги одбраа за оваа пригода.
Сите светски медиуми зборуват за нивното појавување, а дали овојпат го направија најголемиот моден неуспех проценете сами.
Џиџи Хадид се појави во необична, огромна наметка, јакна која повеќе личеше на јорган отколку на комбинација на облека погодна за ваков настан.
Таа имаше црвен кожен корсет одоздола и тесни панталони кои ги комбинираше со црвени чизми до колена.Ова е седми пат Џиџи да оди на црвениот тепих на Мет Гала.
Нејзината сестра Бела Хадид исто така се одлучи за облека во кожен стил. Бела за големиот настан носеше тесен црн кожен корсет од Burberry.
Својот корсет го искомбинирала со здолниште со висок шлиц на кој се вееја чипканите хулахопки. Бела првпат се појави на Мет Гала во 2015 година.
Темата на Мет Гала оваа година беше Антологија на модата.
Овогодинешни копретседавачи на настанот беа Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда, кои имаа апсолутно прекрасни изведби за оваа ноќ.
извор:GLOSSY