Ким не се фотографираше со нив: Сестрите Кардашијан-Џенер прогласени за модна катастрофа на Мет балот

Ким не се фотографираше со нив: Сестрите Кардашијан-Џенер прогласени за модна катастрофа на Мет балот

Објавена во: Мода // Moj стил

фото:Profimedia

За прв пат на Мет Гала балот беа поканети сите сестри од семејството Кардашијан-Џенер, но не сите оставија одличен впечаток. Напротив!

Кланот Кардашијан-Џенер беше прогласен за најлошо облечени - со исклучок на Ким Кардашијан која повторно ја однесе титулата за најдобро облечена. 

По долгогодишно сонување за присуство на овој настан, првата можност ѝ беше дадена на Ким Кардашијан, која најпрво доби покана за Мет Гала како придружник на Канје Вест, но на крајот ја „заслужи“ и сопствената покана. Со текот на времето, ѝ се придружија полусестрите Кендал и Кајли Џенер, но Кортни и Клои Кардашијан отсекогаш се сметаа за личности на Б листа, барем кога се работи за ова семејство, па немаше место за нив на Мет Гала.

Оваа година, сепак, беа поканети сите, но се доби впечаток дека никој освен Ким и Кендал не е дораснат за овој моден предизвик.

Ким Кардашијан несомнено беше ѕвезда на вечерта, бидејќи последна пристигна на црвениот тепих, за неа најмногу се зборуваше деновите пред настанот, а потоа (буквално!) блесна во прекрасниот фустан во кој Мерлин Монро му пееше на Џон Ф. Кенеди. За да влезе во него, Ким ослабела 8 килограми, а на балот пристигна со момчето Пит Дејвидсон.

Кендал избра проѕирен црн горен дел со раскошно балско здолниште, потпишан од модната куќа Прада и се беше направено по мерка. Впечатокот донекаде го расипуваат избланшираните веѓи, но во секој случај, стилот на Кендал е забележлив и вреди да се спомне.


Меѓутоа, кога се во прашање останатите сестри, тие дефинитивно беа прогласени за модни утки на вечерта.

Најнегативни реакции доби Кортни Кардашијан, која носеше кратка бела кошула и необично здолниште Том Браун, а за здолниште со потписот на овој дизајнер се одлучи и нејзиниот сопруг Тревис Баркер. На социјалните мрежи кружат коментари дека Кортни изгледала како „келнерка која била креативна со својата униформа“, а шегите не престануваат на сметка на музичарот, кој преку панталоните носеше сарафан. 


Кајли Џенер, пак, дојде во бела боја од глава до пети, а изборот падна на Off-White венчаницата, која има класичен крој и бела проѕирна ткаенина со кратки ракави преку едноставен корсет. Орнаментот што го носеше на главата беше всушност превртена капа со превез и украси во форма на цвеќе, а нејзината облека ја опишаа со еден збор - невкус!


Ова беше специјална вечер за Клои Кардашијан, која за прв пат присуствуваше на Мет Гала, а реши да пристигне во проѕирен фустан украсен со златни реси, кој го носи потписот на модната куќа Москино. Впечатокот можеби немаше да биде толку лош доколку Клои не сакаше да биде екстравагантна, па додаде елегантни црни ракавици со необичен дизајн: едната се протега до рамениците и има впечатлив паф ефект, додека другата е до средината на надлактицата.


Што мисли американската модна јавност за тоалетите на сестрите Кардашијан-Џенер можеби најдобро говори еден коментар на Твитер:

- Не е ни чудо што Ким не сакаше да се фотографира со нив!

фото:твитер

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: