Дали сте неодлучни за вашата новогодишна фризура? Ви носиме 7 прекрасни фризури кои можете сами да ги направите

Дали сте неодлучни за вашата новогодишна фризура? Ви носиме 7 прекрасни фризури кои можете сами да ги направите

Објавена во: Мода // Must have

Освен изборот на совршена облека, една од големите задачи за новогодишната ноќ е изборот на совршена фризура. Доколку вашиот омилен салон е полн и не можете да закажете или едноставно сакате сами да си ја направите косата, инспирирајте се од овие во нашата галерија.

Изборот на фризура не е лесна задача. Мора да земете во предвид неколку фактори, од какво ќе биде времето и околината во која ќе славите до комбинирање со изгледот и обликот на вашето лице.

Ви пренесуваме 7 лесни фризури кои ќе останат стабилни на ветер и дожд, нивната форма нема да се изгуби ниту по цела ноќ танцување, а ќе бидат прекрасен додаток и ќе го нагласат целиот ваш изглед.

Запомнете дека на секоја фризура и треба вежбање и трпение, а исто така не би било лошо да испробате различни варијации, бидејќи можеби токму она што изгледа како нешто што никогаш не би го носеле ќе ви изгледа одлично. Можете да го приспособите секој стил на вашите преференции, важно е да се чувствувате убаво и удобно.

Фото: Инстаграм
Извор: Teen385.dnevnik.hr


Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: