Даниел Кајмаковски ѝ ја зема победата, а сите ѝ прогнозираа голема кариера: Кое е девојчето на фотографиите?
Доколку пред 6 години го следевте музичкото натпреварување „Х-фактор“ сигурно добро се сеќавате на кандидатите кои стигнаа до финалето и рамо до рамо се бореа со нашиот Даниел Кајмаковски, кој ја однесе победата. Тој на младата пејачка од Србија ѝ ја зеде наградата пред нос, а тогаш сите, вклучувајќи го и жирито ѝ предвидуваа голема кариера.
Таа, исто како и нашиот Даниел, уште на првиот настап ги освои сите со емотивната изведба на „Don't You Remember“, која во оригинал ја исполнува Адел. Сега сигурно веќе сфативте дека цело време зборуваме за Тамара Милановиќ.
Таа денес освен што пее се занимава и со моделинг, а имаше и неколку успешни проекти во Катар, каде што живееше до неодамна. Тамара, минатата година исто така настапи и на Беовизија, а за време на карантинот објави и песна, која носи наслов „Индиго“.