Данка исчезна, а тогаш некој ги повика на телефон: „Се слушна само мамо, мамо...“
Телефонот заѕвони ноќта кога Данка исчезнала, она што го слушнале ги преплашило родителите.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, уапси двајца мажи од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа удирајќи го по телото го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Мајката на девојчето Данка- Ивана Илиќ за медиумите раскажала како семејството поминало низ тежок период во потрагата по детето, но и откако дознале дека е убиено.
Како што објаснија, особено ги погодило тоа што поединци на грозоморен начин полиле сол на нивните рани.
- Ни се јавуваа луѓе од скриени броеви и полицијата се обиде да ги истражи сите повици што ни беа испратени. Еден навистина се издвојуваше, бидејќи некој ни се јави таа вечер кога Данка исчезна околу два часот по полноќ, а во позадина се слушаше „мамо, мамо“. Тоа не преплаши – изјави за Србија Данас мајката на убиеното девојче.
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на Данка Илиќ, во април беа испратени на психијатриско вештачење во Специјалната затворска болница во Белград, а по завршувањето на прегледот беа вратени од Белград. Ова вештачење упатуваше дека осомничените биле здрави во моментот на кривичното дело кое им се става на товар.
Тие се осомничени дека ја удириле со службено возило на ЈКП „Водовод“ Бор. После тоа, кога била во несвест, ја ставиле во задниот дел од автомобилот.
Кога Данка се разбудила и заплакала, еден од осомничените признал дека ја давел со раце додека не престанала да дише, по што заедно ја фрлиле на депонијата.