„Дарен на 5 месеци, залепен на екранот ја слуша и галка мама“: Тамара Тодевска објави емотивно видео од синот
Македонската пејачка и евровизиска претставничка која ѝ го донесе на Македонија највисокото место на Еврозија, Тамара Тодевска, постојано нѐ известува со она што ѝ се случува во животот. Некогаш станува збор за тазе видеа и фотографи, но има и ситуација како оваа, кога споделува постари видеа, со многу длабоко значење.
Ова последното е настаното во периодот кога таа беше на Евровизија, и кога дома го остави своето 5-месечно синче Дарен.
„Ова ми е едно од оние видеа на кое плачам секој пат. Дарен имаше само 5 месеци кога бев на Евровизија. Првата полуфинална вечер не успеа никој да ме слушне од неговото плачење. Ова е следното утро. Залепен за екранот ја слуша и галка мама. Моето знало“ - напиша пејачката покрај видеатото, а потоа додаде: „Ве сакам бескрајно деца мои.Мама ќе пее за вас додека дише“.