Датум кој ќе има најголемо влијание на твојот љубовен живот оваа година: Иако е во февруари, не е Денот на вљубените
Ова е ден идеален за љубов...
Астролозите сакаат на овој ден да обрнеш поголемо внимание отколку на Денот на вљубените, бидејќи тој ќе има многу поголемо влијание на твојот љубовен живот. Тој датум пристигнува наскоро, во февруари е, но не е 14-ти.
Календарите ни кажуваат дека најромантичен ден во годината е 14 февруари, но астролозите велат дека не е и дека еден друг датум оваа година е многу поважен за љубовниот живот. Според нив, најромантичниот ден во годината исто така е во февруари, но неколку дена по Денот на вљубените, поточно 16 февруари. Тоа ќе биде најромантичниот ден со оглед на тоа како се поставени планетите, пишува My Imperfect Life. Велат дека тогаш Марс е во врска со Венера во Јарец. Апсолутно немаме идеа што значи тоа, но тоа е наводно рецептот за романтика според астролозите. Тоа е денот кога романтиката ќе биде на врвот, па не е лошо да го забележите во календарот и да го тестирате.
За некои можеби ќе биде ден кога ќе им се појави некоја нова љубов во животот, кога ќе запознаат некој, кога нивната врска ќе оди едно скалило погоре или кога едноставно ќе се случи нешто убаво за нивниот љубовен живот. Доколку планираш да направиш некој голем љубовен ризик, можеби ова е денот кога ќе можеш да се обидеш тоа да го реализираш, ѕвездите ќе ти бидат наклонети, а кој би му пречела дополнителна среќа.
фото: unsplash.com