Дебитантски хит за возачка дозвола: Преслушан е 17 милиони пати за еден ден

Дебитантски хит за возачка дозвола: Преслушан е 17 милиони пати за еден ден

Објавена во: Stars // Музика

Иако сме на средина од јануари, песната „driver license“ многумина веќе ја нарекуваат хит за 2021 година. Станува збор за дебитантското остварување на 17 - годишната ѕвезда на Дизни, Оливија Родриго, која веќе ги освои музичките топ листи, како и социјалните мрежи.

„Rolling Stone“ пред неколку дена оваа песна ја нарече „песна која мора да ја знаете“.

Носталгичната песна следен со клавир полека се гради како приказна за тоа како 17 - годишната деовјка конечно добила возачка дозвола. 


Но, важната можност ја расипува скршеното срце: таа требаше успехот да го прослави со нејзиното поранешно момче кое ја остави поради „постара русокоса“ која според пејачката претставува „сè за што е несигурна“.

Така Оливија се вози низ предрадијата, со скршено срце и без, прашувајќи се дали љубовта била вистинска. Песната е своевидна почит кон познатата пејачка Тејлор Свифт и нејзиниот албум „Fearless“.

Свифт оваа песна исто така ја сподели со своите обожаватели, допринесувајќи за овој музички бум.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: