Децата му се потсмевале: Мајка го научила своето дете родено без очи како да им одговора

Децата му се потсмевале: Мајка го научила своето дете родено без очи како да им одговора

Објавена во: Живот // Живот

Малиот Кристијан Бјукенан од Тенеси е роден без очи и како таков е еден од 60-те луѓе ширум светот.

Покрај тоа што боледува од микрофталмија, ова 11-годишно дете е родено со големи празнини на лицето, расцеп на усните и непцата, а поради тоа веќе имал седум операци.

„Кога го доведовме дома од болница, беше тешко. Кога ќе однесевме Кристијан на јавно место, луѓето гледаа и ми зборуваа зад грб, „Погледни го тоа бебе“ - со тага зборува оваа жена која и ден денес се соочува со големи предизвици.

Луѓето во лице ѝ зборуваат дека е „ужасна личност поради тоа што не го абортирала Кристијан“.

Грижата околу Кристијан исто така влијаела и на нејзиниот брак со Чарлс, кој го запознала кога имала само 15 години.

До четвртата година, момчето имало дури седум големи и сложени операции, вклучувајќи ја и операцијата на вилицата и расцепот на усните и непцата.

И покрај неговата состојба, неговата мајка Лејси истакнува дека тоа не го спречува да живее исполнет живот.

„Кристијан е типично мало момче. Тој сака да чита, сака да си игра со помладиот брат и да ги прави останатите работи во кои децата на негова возраст уживаат“ - вели таа.

Но, на Кристијан, кој свири виолина и тренира карате, најтешко му паѓаат злобните коментари на непознатите луѓе, пренесува „Daily Mail“.

„Зошто изгледа така?“, „Каде му се очите?“ - се само дел од коментарите од децата кои се изненадени кога ќе го видат, но Лејси секогаш настојува на децата да им даде позитивен одговор.

„Бог ме состаде ваков“ и „Ваков сум роден, а роден сум фантастичен“ - на овие реченици го научила Лејси својот син, кога ќе му постават прашање за изгледот.

Лејси истакнува дека излегла во јавноста со нивната приказна за да ја подигне свеста за личностите со инвалидитет. 

„Сакам да ги отстранам предрасудите кои луѓето ги имаат кон оние кои изгледаат поинаку. Се надевам дека нашата приказна ќе ги поттикне другите на прифаќање, разбирање и почитување на оние кои изгледаат поинаку од нив, за овој свет еден ден да биде подобро место за Кристијан“ - раскажа мајката на ова храбро момче.


фото: Инстаграм / laceybuchanan

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: