Децата на актерите од серијата „Пријатели“: Дали знаевте дека Џои има ќерка од 16 години?
Мислите дека знаете сè за актерите од серијата „Пријатели“? А, дали знаете кои се нивните деца?
Кортни Кокс од бракот со Дејвид Аркет ја има ќерката Коко Аркет, со која е неверојатно блиска.
Кортни на својот Инстаграм профил често споделува фотографии на кои е нејзината ќерка тинејџерка.
Џенифер Анистон нема биолошки, а ниту посвоени деца иако долго се шпекулираше за нејзината бременост. Медиумите барем еднаш годишно пишуваа за тоа дека Џенифер е бремеена, но тоа никогаш не се случи. Меѓутоа, таа е кума на ќерката на Кортни Кокс, Коко Аркет.
Мет ЛеБланк, кој во серијата „Пријатели“ го глумеше заводникот Џои Трибијани има ќерка, Марина Перл, која ја доби од бракот со Мелиса Мекнајт. Мет неколку пати наведе дека децата на својата поранешна жена Мелиса ги смета за свои, бидејќи пораснале со него.
„Тејлор има 25 години и тој е инженер за звук. Работи во студио за снимање. Мојата ќерка Жаклин дипломираше компјутерски дизајн. Таа е навистина многу вредна и јас сум многу горд на неа“ - изјави Мет во 2016 година.
фото: ProfimediaЛиса Кудро го има синот Џулијан со кој беше бремена додека ја снимаше серијата „Пријатели“. Актерката во неколку наврати кажа дека тој е нејзина најголема поддршка и дека секогаш ја разнежнува кога ќе ѝ понуди помош.
Дејвид Швимер ја има ќерката Клео од бракот со поранешната сопруга Зои. Двојката се разведе, но Дејвид и Зои и понатаму се во добри односи.
фото: Profimedia