Децата на Бил Гејтс се Спартанци, милионите на татко им не им значат ништо: Миеме садови, одиме во црква, а тато ни го забранува ова

Децата на Бил Гејтс се Спартанци, милионите на татко им не им значат ништо: Миеме садови, одиме во црква, а тато ни го забранува ова

Објавена во: Совети // Семејство

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда имаат три деца на возраст од 19 до 25 години, а вака изгледа нивниот живот...

Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе во светот. Својата поранешна сопруга, Милинда ја започнав во 1987 година, а со неа се венчал во 1994 година. Познатата двојка се одлучи своите деца да ги воспитува скромно.

Иако живеат на бајковит имот вреден 127 милиони долари во Вашингтон и во своја сопственост имаат уште неколку недвижнини, нивните родителски методи се слични на кои може да се забележат и во просечните семејства.

Бил и Мелинда ја водат и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, најголемата приватна фондација на светот, која поседува имот од скоро 47 милијарди американски долари, а со своите две ќерки и син, ги распределуваат домашните обврски.

Заедничкото миење на садовите секоја вечер е традиција во нивното семејство. Мелинда ја добила оваа идеја за да го докаже фактот дека „неплатените“ домашни обврски не би требало секогаш да ги завршуваат жените, а ни мажите. Исто така, таа имаше изјавено дека заедничкото миење на садовите ја зајакнува семејната врска, а и дека на тој начин на децата им се всадува чувството за обврска.

Титанот во светот на технологијата е поприлично строг кон своите деца кога станува збор за употребата на технологијата. Бил и Мелинда на своите деца им ја забраниле употребата на мобилни телефони за време на јадење, додека првиот телефон го добиле за 14-от роденден. Бил им го ограничува и времето кое може да го поминат гледајќи во екран, бидејќи смета дека на тој начин може да имаат поквалитетен сон.

За време на едно интервју, Бил Гејтс исткана дека неговото семејство редовно оди во црква. „Ги воспитувавме децата на религиозен начин. Тие ја посетуваат католичката црква во која одиме и јас и Мелинда“ - истакна Бил.

Исто така, објасни дека неговата филантропска работа првенствено е наменета за намалување на нееднаквоста во светот, на што ќе бидат посветени и неговите деца.

Бил Гејтс е вистински револуционер во полето на технологијата, а тој и Мелинда и понатаму го следат родителскиот модел развиен во текот на 70-тите години на минатиот век. Методот на воспитување „Љубов и логика“, ги намалува емотивните реакции како навредување, казнување и проповедање на децата. Но, редот мора да се знае.

Нивното прво дете, ќерката Џенифер е родена во 1996 година. Дипломираше на Универзитетот Стенфорд. Искусна е во коњичките спортови и се натпреварува ширум светот.

Второто дете е нивниот 22-годишниот син Рори Гејтс, кој студира на Универзитетот во Чикаго.

Фиби Гејтс има 19 години и е трето дете на познатите родители.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: