Децата на Бил и Мелинда Гејтс: Со што се занимаваат и зошто нема да го наследат големото богатство на своите родители?
За првото дете се одлучиле откако Мелинда работела 10 години во „Мајкрософт“, а секое следно дете е родено со три години разлика...
Милијардерот и коосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда неодамна на Твитер објавија дека се разведуваат по 27 години брак, а двојката има три деца на возраст од 19 до 25 години кои, исто како и родителите, приватните животи ги држат далеку од очите на јавноста.
Бил и Мелинда Гејтс се запознале во 1987 година, кога таа се приклучила на неговата компанија „Мајкрософт“, а двојката се венчала во 1994 година и помина полни 27 години во брак. Бил и Мелинда својата приватност секогаш љубоморно ја чуваа, а дека имаат проблеми во бракот јавноста не знаеше ништо сè додека Бил Гејтс таа вест не ја објави на својот профил на Твитер и со неа ги шокираше сите.
Секогаш хармоничната и рамноправна двојка, како на работа, така и во приватниот живот, отсекогаш била внимателно насочена кон планирањето. Математиката играше голема улога во сите сегменти во нивните животи и ништо не оставаа на случајноста.
За првото дете се одлучиле откако Мелинда работела 10 години во „Мајкрософт“, а секое следно дете е родено со три години разлика. Мелинда по раѓањето на првото дете одлучи да се посвети на семејството и повеќе да не се враќа на работа, а таа одлука го шокираше Бил.
По скоро три децении заеднички живот двојката има три деца.
# Џенифер Гејтс
Нивната прва ќерка Џенифер Гејтс е родена на 26 април 1996 година и дипломирала на Универзитетот Стенфорд со диплопа по биологија. Според нејзиниот Инстаграм профил моментално е на медицинскиот факултет во Њујорк.
25 - годишната Џенифер е наградуван џокеј и учествувала на натпреварувања ширум светот. Нејзиното момче, исто така професионален џокеј, Еѓипќанецот Најел Насар ја запроси, а двојката и нивнте семејства го споделија настанот на социјалните мрежи. Џенифер е прилично насочена кон тоа да го направи светот подобро место за живеење. Наводна таа во една прилика кажала:
„Родена сум во привилегирани услови и сметам дека таа прилика треба да ја искористам за учење и пронаоѓање на работи кои ќе ми овозможат да го направам светот барем малку подобро место за живеење“.
# Рори Гејтс
Рори Гејтс е единствениот син на Бил и Мелинда. 22 - годишниот Рори во 2018 година заврши средно училиште и се запиша на Универзитет во Чикаго и наводно студира право. Покрај популарното семејно име, Рори одржува релативно приватен живот.
По повод неговиот 18 - ти роденден, Мелинда му напиша преубава роденденска порака во која ја пофали љубовта на својот син кон загатките и неговата поддршка кон феминизмот. Тогаш му напиша:
„Рори е сочувствителен и љубопитен. Интелигентен е и начитан и добро информиран за спектарот прашања кои го интересираа. Прекрасен син е и прекрасен брат. Ја наследи опсесивната љубов на своите родители кон загатките. Но, она поради што сум најгорда е тоа што Рори е феминист.“
# Фиби Гејтс
Третото дете на Мелинда и Бил Гејтс е Фиби, која има 19 години. Како својот брат Рори, живее прилично повлечено од очите на јавноста. Најмладиот член на семејството Гејтс во својата приватна биографија на Инстаграм има наведено дека дипломирала во училиште во Лејксајд. Истото тоа училиште го посетувале и нејзиниот брат Рори, сестра ѝ Џенифер, како и нејзиниот татко Бил. Најмладата ќерка на Гејтс заврши и на Училиштето за американски балет и училиштето Џулијард.
Во една стара, многу емотивна објава на својот Инстаграм профил, Бил ја откри љубовта на Фиби кон читањето книги. Тогаш тој напиша:
„Мојата ќерка Фиби и јас сакаме да ги читаме сите видови книги и големи љубители сме на @johngreenwritesbook. Двајцата со задоволство го прочитавме нивниот роман „Turtles All the Way Down“, кој раскажува приказна за млада жена која пронаоѓа исчезнат милијардер. Еве што имаше Фиби да каже за книгата: Со години сум обожавател на Џон Грин - проголтувајќи ги неговите романи во кафулињата, за време на патувањата и склопчена дома на кауч. Таа живописност во неговите романи ме наведува целосно да уживам во приказните на неговите романи, но романот „Turtles All the Way Down“ остави посебен впечаток на мене.“
Многумина беа изненадени кога дознааа дека трите деца нема да го наследат огромното богатство на своите родители, туку само помал дел. Се претпоставува дека секое дете од родителтие ќе наследи по 10 милиони долари. Иако тоа не изгледа малку, тоа е прилично скромен износ во однос на 130 милијарда долари, на кои се проценува богатството на Бил. Бил и Мелинда одлучија поголемиот дел од парите да го донираат во добротворни цели, а причината за тоа ја откриле на конференцијата TED каде Бил кажа:
„Сакаме да постигнеме рамнотежа во која имаат слобода да направат било што, но не и толку многу пари кои ќе им овозможат да не прават ништо.“
Семејството Гејтс има нето вредност поголема од 100 милијарда долари, а кога станува збор за нивниот развод, тој би можел да биде рекорден по големината на спогодбата. Најголемата спогодба за развод моментално припаѓа на основачот на Амазон, Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, кој го финализираше разводот од Мекензи Скот за околу 36 милијарда долари.
фото: Profimedia / Instagram