Децата се убиваат додека го прават ова на ТикТок: Што е „blackout“ предизвик?

Децата се убиваат додека го прават ова на ТикТок: Што е „blackout“ предизвик?

Доколку видите некој дека е дел од овој предизвик или пак охрабрува учество на некој друг, веднаш пријавете го тој профил...

Од Србија вчера присигна веса дека момчето кое е пронајдено мртво во стан, наводно случајно се обесило додека на ТикТок го правел предизвикот „blackout“.

Како што дознаваат тамошните медиуми, момчето останало само во станот, додека родителите му биле во продавница.

„Кога се вратиле, тој не ја отворил вратата, па повикале полиција и пожарникари кои влегле преку терасата и го нашле детето обесено на кревет на легло. Од самиот постоел сомнеж дека смртта се случила случајно за време на играта, а сега се верува дека малото дете навистина го одиграло предизвикот „blackout“ на социјалната мрежа ТикТок“ - вели извор од истрагата.

Во овој предизвик, децата ставаат ремен околу вратот, го затегнуваат и го снимаат со мобилен телефон додека не се онесвестат. Исто така, 10 - годишно девојче кое се задуши играјќи го овој предизвик почина во Италија пред неколку дена.

Светските медиуми апелираат да се пријави секој профил што покажува споделување на „blackout“ предизвикот.

Како и многу други опасни трендови на ТикТок (предизвик „Син кит“, на пример), овој предизвик ги принудува младите да извршуваат задачи што се опасни по живот.

Што е „blackout“ предизвик?

Во основа, овој предизвик ги тера корисниците да „гушат“ сè додека не ја изгубат свеста. Оваа „игра“ е на социјалните мрежи со години, а понекогаш е позната и како „Passout challenge“, „The Game of Choking“, „Speed Dreaming“ или „The Fainting Game“, a во моментов добива на интензитет на „ТикТок“.

Медицинските работници предупредуваат дека овој предизвик може да доведе до несвестица, оштетување на мозокот, па дури и смрт.

Како можете да го пријавите „blackout“ предизвикот?

ТикТок сега ги охрабрува корисниците да ги пријавуваат луѓето кои учествуваат во овој „предизвик“ и се надева дека ова ќе го спречи неговото ширење. Ова може да се направи со кликнување на белата стрелка десно од сликата и потоа притискање на „report“. Потоа можете да ја изберете категоријата „Самоубиство, самоповредување и опасни акти“.

Ако видите дека некој учествува во овој предизвик или охрабрува учество, веднаш пријавете го тој профил.


Можеби ќе ве интересира: