Дедо Исмаил 38 години е бездомник: Средношколци од „Никола Карев“ му ги исполнија скромните желби

Дедо Исмаил 38 години е бездомник: Средношколци од „Никола Карев“ му ги исполнија скромните желби

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Професорката Валентина Панџарова на својот профил на Фејсбук сподели објава која наиде на многу позитивни коментари.

Имено станува збор за доброто дело кое го направија нејзините ученици од гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, за дедо Исмаил, кој долги години е бездомник.

- Дедо Исмаил е 38 години бездомник.Одамна го гледаме на ќошот на Гимназија Никола Карев ,седнат, полуслеп,истоштен...во придружба на кучето,па и тоа бездомник...Одвреме,навреме децата му оставаат сендвич,кој го дели рамно на пола.Пола за него,пола за другарчето.Вчера,учениците од Карев разговараа со него за животот,за здравјето,за потребите...Скромен,вели не му треба ништо освен чист џемпер и маица.За кратко време му ги подарија.Деца се тоа,чисти,жалосливи искрени...Прашаа што може друго да сторат за него.Дедо Исмаил одвај проговори дека би сакал некогаш да се избричи.Лека,полека, колку му дозволуваат годините што му натежнале,во придружба на Каревци го однесовме до првата берберница,каде љубезниот персонал го дотера.Горда сум на вас деца,знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница.Делата се битни - напиша таа под фотографиите.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: