Дедо си ја продал куќата за на внуката да ѝ ја плати школарината: Набрзо сѐ се променило (ФОТО)

Дедо си ја продал куќата за на внуката да ѝ ја плати школарината: Набрзо сѐ се променило (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Еден човек во Индија ја продал својата куќа и спие во рикша за да можел да им ја плати школарината на внуците. А, неговата приказна и жртва поттикнаа многу корисници на Интернет да му помогнат на неговото семејство.

Десрај Џи е возач на рикша во Мумбаи, Индија, а неговата приказна е споделена на „Humans of Bombay“. Откако ги изгубил двата сина, на него останало да се грижи за своите снаи, како и за внуците.

„Пред шест години мојот најстар син исчезна од куќата, отиде на работа како и обично, но никогаш не се врати“ - кажа Десрај. Телото на неговиот син било пронајдено една недела подоцна. Имал само 40 години.

„Дел од мене умре со него“ - кажа Десрај, а потоа додаде: „Но, оптоварен со обврски, немав време да тагувам, следниот дел се вратив на улица, возев“.

На трагичен начин, Десрај го загубил и вториот син, кој две години по смртта на првиот извршил самоубиство. Тогаш неговата внука го прашала дали ќе мора да го напушти училиштето за финансиски да му помогне на семејството. Но, Десрај не го дозволил тоа. Знаел дека треба да го продолжи своето образование. Така Десрај почнал да работи подолго, излегувајќи од дома во 6 часот наутро и возел до полноќ за да заработи. Сепак, повеќето денови семејството немало средства за да обезбеди доволна храна за секого.

Тогаш внуката на Десреј имала можност да се запише на факултет и да добие диплома, но тоа било неизводливо бидејќи Десрај не можел да си ја дозволи школарината со сегашните приходи. 

„Но, морав да ги исполнам нејзините соништа... по секоја цена. Значи, ја продадов нашата куќа и ја платив школарината“ - кажа. „Тогаш својата жена, снаа и другите внучиња ги испратив во домот на нашите роднини во нашето селото, додека јас останав без кроф во Мумбаи“.

Десрај секоја вечер спиел во својот автомобил, но вели дека жртвата е вредна за тоа да ѝ помогне на својата внука да го оствари сонот.

Едвај чекам да стане учителка, да можам да ја преграм и да ѝ кажам: „Ме направи толку горд“. Таа ќе биде првата во нашето семејство со диплома“ - сподели тој.

Кога приказната на Десрај беше објавена на Интернет, странците беа поттикнати да донираат пари за помош на неговото семејство. Од оваа акција се собрани вкупно 32.000 долари, па така Десрај сега повторно има дом за живот.

„Поради вашата љубов и поддршка, Десрај сега има кров над главата и може да ја школува својата внука“ - напишаа од „Humans of Bombay“. „Ви благодараме што ја потврдивте нашта вера во добрината и човечност“.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: