Дефинитивно се двојка: Оливија Вајлд се пресели во куќата на Хари Стајлс

Дефинитивно се двојка: Оливија Вајлд се пресели во куќата на Хари Стајлс

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Хари Стајлс и Оливија Вајлд дефитивно се заедно, иако сево ова многумина многу тешко го прифаќаат. Дека нема никакви дилеми говори и тоа што актерката е „уловена“ како се сели во куќата на Хари Стајлс во Лос Анџелес, откако го остави својот поранешен.

Оливија е фотографирана како се преселува на Денот на вљубените, а пренесе неколку куфери од својата досегашна куќа. Нешто порано, таа повеќе пати заминуваше до својата стара куќа за да ги собере работите во куферите.


Интересно е тоа што Оливија имаше помош од само една личност, што јасно сугерира дека таа не сакала јавноста да знае за сето ова. На неа секако не и лесно, бидејќи ја напаѓаат од сите страни. Додека некои обожаватели на Хари и понатаму инсистираат дека тие двајца не се заедно, други ја обвинуваат дека се однесува неодговорно, бидејќи започнува врска со 10 години помлад маж, а притоа има две деца.

Во меѓувреме, таа продолжува јавно да го фали Хари, пренесува „Инсајдер“. Во својата објава на Инстаграм, таа го фали младото момче што прифатил да игра споредна улога во нејзиниот филм „Don't Worry Darlking“.

„Ова е малку познат факт - голем прој актери не сакаат да бидат во втор план во однос на актерките. Тие мислат дека со тоа ќе ја изгубат вредноста, па затоа е многу тешко да се финансираат филмовите во кои жените играат главни улоги. Без шега, тешко е да се пронајде актер кој ќе дозволи жената да биде во центарот на вниманието. Тој не мораше да се придружи на нашиот циркус, но го прифати сето тоа и растури со својот талент, но и покажа способност да вози во рикверц!“



Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: