Дејан има 20 години, а заработува милион евра за шест месеци: Еве со што се занимава ова момче
Дејан Николиќ е познат јутјубер, а со оваа професија се занимава од 2019 година. За три години, тој успеал да заработи сума на пари, која многумина не можат да ја заработат за цел живот.
Уметничкото име му е Дејв Ник и со години го користи концептот за автоматизација на Јутјуб. Со овој бизнис почнал да се занимава пред 3 години. Дејан се појавува пред камерите на три канали, а има уште 4 канали со непознати наратори и 12 со кратки видеа.
Ова момче вели дека во текот на 2021 година заработи 1,4 милион долари, а дека во првите шест месеци на оваа година заработил милион долари. Клучот на успехот, како што вели, бил неговиот курс за претприемништво на Јутјуб од 995 долари, кој е одговорен за 70 отсто од неговиот приход.
„Малку луѓе не направија повеќе од неколку милиони годишно со автоматизацијата на Јутјуб“ - изјави Дејан за „The New York Times“.
Тој објасни и дека неговите ученици заработуваат многу пари.
Видеата на Дејан често ставаат акцент на парите кои тој ги заработил и колку неговите гледачи може да очекуваат да заработуваат сами. Неговиот Инстаграм профил е доказ дека станува збор за човек кој води луксузен живот, а многу следбеници не можеа а да не забележат дека има Ролекс и дека веќе вози Порше.
И покрај тоа, Дејан тврди дека неговиот живот не е само гламурозен и да бара многу одрекувања.
„На компјутер поминувам скоро 15 часа дневно“ - кажа Дејан за „The New York Times“.
фото: Принтскрин / Инстаграм