Дејвид и Викторија се срамат: Никола Пелц и Бруклин Бекам сакаат уште една венчавка, првата им била без врска

Дејвид и Викторија се срамат: Никола Пелц и Бруклин Бекам сакаат уште една венчавка, првата им била без врска

Објавена во: Совети // Семејство

Дејвид и Викторија Бекам останаа „згрозени“ од неодамнешната драма што ја започна семејството Пелц против организаторите за венчавки...

Најстариот син на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам се венчаше со Никола Пелц на семејниот имот во Мајами минатата година.

Венчавка беше многу раскошна и собраа голем број познати личности, но ужасните детали од неа излегоа на виделина, бидејќи семејството Пелц започна правна постапка против организаторите на венчавката.

Нелсон Пелц започна судска постапка против сопствениците на „Plan Design Events - Никол Брагин и Ариана Гриалба - откако не успеале да му го вратат неговиот огромен депозит од 159.000 долари за венчавката на неговата ќерка.

Семејството Пелц го ангажирал овој двоец откако нивниот првобитен организатор Престон Бејли, кој ја организирал венчавкат ана Иванка Трамп и Џаред Кушнер се откажал.

Дејвид и Викторија Бекам останаа „згрозени“ од неодамнешната драма што ја започна семејството Пелц против нивните организатори за венчавки.

На суд можеле да се видат острите текстуални пораки кои се разменувале помеѓу Никола и организаторите на венчавката. Наводно таа кажала дека е „уморна од ловењето“ на нивните повторени грешки.

Листата на гости исто така била дел од драмата, вклучувајќи еден разговор за Луис Хамилтон, кој присуствувал на венчавката.

„Разговаравме со него. Не може да дојде, објасни зошто кажа дека ти одговорил дека нема да дојде“ - рече Никол.

„Ми треба време да го направам ова. Ќе се потрудам да научам да работам со апликацијата за управување на листата со гости и да ви ги испратам информациите. Мразам да изгледам како будала, но најмногу мразам што не ти го давам тоа што ти треба што порано“ - кажа тој.

Извор за медиумите кажа дека Никола сметала дека првата церемонија била „стресна од почеток до крај“.

„Целата работа беше кошмар. Далеку од тоа дека била потполно задоволна со венчавката, договарањето со три различни организатори, а сега тоа го поврзува со кавгите, проблемите и тензиите“ - се наведува во медиумите.

Во друга размена на пораки, Никола е сѐ повеќе исфрустрирана што не ја добила листата за тоа кој е повикан, а кој не.

„Ова не е она што го барав. Ја барав нашата листа на гости. Можете ли да ми го испратите тоа?“ - напишала таа.

Никола исто така наводно ги отфрлила цветните аранжмани, бидејќи не биле доволно бели. Ја видела фотографијата од божурот и ружи, па наводно кажала:

„Би требало да бидат повеќе бели, не знаев знаев дека се во крем боја“.

Никола наводно му кажала на Бруклин дека се чувствува како таа лоша венчавка да има влијание на нивната врска, и дури му кажала дека ѝ тешко да ги гледа фотографиите од венчавката. Тоа само ја потсетува на целата драма, додека двајцата изгледаат напнато.

Таа сака да ја повтори венчавката, сака нов фустан, нови фотографии, и сака сѐ да биде уште пораскошно.

Добро известениот извор исто така кажа дека другата церемонија би можела да биде шанса за да се поправи кавгата помеѓу Викторија и Никол, бидејќи тоа би „означило нов почеток“.

Минатата недела, организаторите на свадбата го возвратија ударот на семејството Пелц, нарекувајќи го господин Нелсон „милијардер насилник“ и поднесоа противтужба до судот во Мајами, поради кршење на договорот и „мешање“ во деловниот договор.

Тие исто така ја тужат невестата Никол, нејзината мајка Клаудија и дизајнерот Риши Пател за оштета од најмалку 41.000 фунти плус трошоци, кои би можеле да стигнат и до стотина илјади фунти.

Женската компанија, „Plan Design Events“, е ангажирана во февруари 2022 година, само шест недели пред раскошната венчавка.

На венчавката присуствуваа повеќе од 500 гости, вклучувајќи го и готвачот Гордон Ремзи, „Очајната домаќинка“ Ева Лонгорија, колешките на Викторија од „Spice Girls“ - Мел Би и Мел Си и поранешниот соиграч на Дејвид Бекам од Манчестер јунајтед - Фил Невил.

Организаторите се согласиле на такса од 264.000 фунти, а г-дин Пелц платил само половина од тој износ. Овој конфликт ќе има епилог на суд.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: