Делфи сама направи роденденска честитка за тета: Ја разнежни Елена како никој досега

Делфи сама направи роденденска честитка за тета: Ја разнежни Елена како никој досега

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката Елена Ристеска во средата славеше роденден, а иако веќе се понати неколку дена, таа сѐ уште споделува интересни моменти од овој, за неа посебен ден.

Имено, по низата фотографии на кои покрај најблиските другарки ги дува свеќичките на роденденската торта, Елена сподели и неколку фотографии од посебното изненадување кое ѝ го приреди нејзината внука Делфина.

Имено, Делфи сама напишала и нацртала роденденска честитка за својата тетка, а пејачката не издржа, па го сподели ова со нејзините следбеници на Инстаграм.

„Сама го напишала и нацртала за тета... Мојот свет!“ - напиша пејачката покрај фотографиите.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: