Дели љубовни совети: Шон Мендес открива како може некој да се заљуби во вас
Шон Мендес овие денови кажа многу работи за Камила Кабелјо, прилично отворено зборувајќи за своите искуства во љубовта. Тоа е секако забавно, но Шон е уверен дека од неговиот пример можеме да научиме многу, па дури и како да направиме некој полесно да се заљуби во нас.
Така, Шон истакнува дека почетокот на неговата врска со Камила бил убав, но дека тоа не може да го спореди со подоцнежната фаза. Како што истакнува, Камила во него се заљубила до уши дури во моментот кога тој почнал да ѝ ја покажа својата мека страна! „Јас пред неа не покажував никакви знаци на слабост, но сфатив дека кога почнав да го правам тоа, таа длабоко се заљуби во мене“ - зборува Шон во својот нов документарец, Shawn Mendes: In Wonder.
„Кога ми го покажа таа тоа, јас уште подлабоко се заљубив во неа, а тоа е нешто најубаво и најатрактивно на светот“. Шон потоа го кажа и она клучното, односно тајната како некој да се заљуби во вас - „Зошто никој не кажа дека во моментот кога ќе се зацрвените, луѓето ве сакаат повеќе? Многу момци, па и девојки сакаат да се претправаат дека се неверојатно сигурни во себе и скоро па нечувствителни, верувајќи дека така оставаат подобар впечаток. Меѓутоа, сите сакаме кога личноста која ни се допаѓа ни ги покажува своите најдлабоки чувства, бидејќи тоа значи дека таа има доверба во нас!“
Шон откри уште една тајна, откривајќи го начинот на кој ги создава песните. Иако некој би помислил дека тоа е многу комплициран процес, Шон вели дека воопшто не мора да бидете експерт за некоја тема за да може да пишувате и пеете за неа. „Не мора да бидете експерт за да би се занимавале со прашањата во вашето срце. Потребно е само да го слушнете.“ - истакнува тој. „Мене ми изгледа дека порано не си го дозволував тоа, секогаш мислев дека тоа треба да го прави некој професионалец. Меѓутоа, тоа не е така, не мора да читате книга за да знаете што е добро, а што лошо“ - заклучи тој.