Деми Ловато се вери: Чинот го овековечија со романтична фотосесија на плажа

Деми Ловато се вери: Чинот го овековечија со романтична фотосесија на плажа

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Деми Ловато сподели серија слики со своето момче, Макс Ерих на Инстаграм, каде откри дека тој ја побарал за сопруга.

Чинот го овековечија на плажа со романтична фотосесија.
27-годишната поп-ѕвезда блеска со дијамантски прстен на рака и момчето од соништата покрај неа.

„Кога бев мало девојче, татко ми секогаш ме нарекуваше негов „мал партнер“ - нешто што можеби звучеше чудно без неговиот јужен “каубојски“ акцент. Но, за мене тоа имаше совршена смисла. И денес тој збор повторно има совршена смисла, но денес официјално ќе бидам партнер на некој друг - Макс Ерих.
Знаев дека те сакав во моментот кога те запознав.
Тоа беше нешто што не можам да му го опишам на некој што не го искусил. Никогаш не сум се чувствувала толку безусловно сакано од некој во мојот живот (освен моите родители). Никогаш не ме притискаш да бидам ништо друго освен јас. И ме тераш да сакам да бидам најдобрата верзија на себе. Чест ми е што ја прифаќам твојата рака за брак. Те сакам повеќе отколку што може да се искаже во некој наслов, едвај чекам да започнам семејство и живот со тебе. Те сакам засекогаш „my baby“. Мојот партнер“ - напиша Деми во описот на фотографиите кои ги сподели со обожавателите.



























Макс (29), исто така ја сподели среќната вест на Инстаграм



















Може да ве интересира:

По филмот за Евровизија, Деми Ловато ќе снима документарец за својот живот

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: