Ден кој навистина нема да го заборавам: Како реагираше Оливија Родриго на своите 7 номинации за „Греми“?

Ден кој навистина нема да го заборавам: Како реагираше Оливија Родриго на своите 7 номинации за „Греми“?

Објавена во: Stars // Музика

Оливија Родриго има многу причини за славење. Не само што младата пејачка го собори рекордот во стримување на својот деби албум „Sour“ порано оваа година, туку сега е номинирани и за 7 „Греми“ награди, вклучувајќи ја и посакуваната категорија за најдобар нов изведувач.

Пејачката се огласи на социјалните мрежи за да го обележи овој успех. Фотографијата на нејзиниот Инстаграм профил покажува торта со бројот 7 и испишаната фраза: „Успеа, ку*ко“

Оваа фотка беше проследена со приказна која дополнително опиша колку ѝ значат номинациите. „Кога бев млада, моето семејство живееше на неколку блокови од „Staples Centar“, каде секоја година се одржуваше доделувањето на наградите „Греми“. Секогаш излегував надвор од арената и ги гледав плочките на земјата со имињата на сите добитници со широко отворени очи“ - напиша Оливија.

Исто така, кажа и дека многу слободни викенди ги поминувала во музејот „Греми“, поради нејзината фасцинација од церемонијата на доделувањето награди и историјата, што оваа чест ја направи многу повлијателна.

Нема сомнеж дека ова беше бурна година за Олвиија и се поставува прашањето: што би можело да следува за поп ѕвездата? Можностите наизглед се бескрајни , а во својата најнова приказна за „Teen Vogue“, Оливија размислуваше за експериментирањето со различните музички жанрови или за продолжение на актерската кариера. Што се однесува за нејзиниот втор албум, таа не сака да брза, објаснувајќи: „Ќе одвојам време за да сфатам што точно сакам да кажам и како сакам да го кажам“


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: