Денес изгледа поинаку: Се сеќавате ли на девојчето со прекрасен глас од „Всушност љубов“?
Пред 12 години, Џоана го освои срцето на младиот Сем во романтичната комедија „Всушност љубов“, која и денес е навистина популарна. Овој филм се претвори во вистински божиќен класик, а приказната за првата љубов ги воодушеви гледачите ширум светот.
Улогата на младиот пар беа доверени на тогаш 13 - годишниот Томас Броди - Сангстер и 11 - годишната Оливија Олсон.
Во годините што поминуваа, Томас продолжи да реди улоги, а на публиката сигурно и е најпознат по улогата во хит - серијата „Игра на тронови“. За разлика од својата филмска симпатија, Оливија својата иднина одлучи да ја побара во музичката индустрија. Секако, тоа не значи дека оваа успешна детска актерка се откажа од кариерата која ја прослави, но оваа денес 27 - годишна девојка како приоритет ја стави музиката.
Прекрасниот глас го покажа уште како деовјче, па не изненадува фактот дека токму музиката ја одбра за свој животен пат. Досега издаде два албуми, а во 2019 година се појави во ѕвезденото издание на шоуто „Х - фактор“. Се занимава и со сихронизација на цртани филмови, а се испроба и како писател на книгата за млади.