Денес се големи ѕвезди, а можете ли да претпоставите со кои познати лица биле опседнати како тинејџери?

Денес се големи ѕвезди, а можете ли да претпоставите со кои познати лица биле опседнати како тинејџери?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Сите ние сме имале или имаме некоја позната личност која ни се допаѓа, а само некои од нас добиле можност да ја запознаат својата симпатија, додека некои биле толку среќни што завршиле во врска или брак....

Пред ѝ самите да станат популарни, многу познати личности како тинејџери биле заљубени во ѕвездите кои подоцна, кога се прославиле ги запознале. Некои од нив биле толку среќни што дури завршиле и во брак со својата симпатија од младоста.

Еве кои ѕвезди отворено проговориле за своите познати љубови од тинејџерските денови:

# Крис Еванс

Во едно интервју за E! News, Крис призна која од познатите дами му се допаѓала, кога тој не бил познат. 

„Елизабет Шу од филмовите „Adventures of Babysitting“ и „Karate Kid“ ми беше голема љубов. А кој не ја сакал Лори Локлин? Таа воопшто нема остарено. Сандра Булок исто така ми беше голема љубов кога бев седмо или осмо одделение“ - изјави тој.

# Кајли Џенер

Кајли како мала била заљубена во Тејлор Лаутнер, а тоа го призна за време на едно снимање во јануари оваа година, велејќи дека ѝ се допаѓал актерот од филмот „The Adventures of Sharkboy and Lavagirl in 3-D“, кој во кината се појави во 2005 година.

# Ким Кардашијан

Ким била опседната со Џони Деп, а тоа го изјави во 2017 година за време на гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис.

# Ариана Гранде

Младата пејачка била лудо вљубена во Џим Кери кога била мала, а ова јавно го призна во една емисија во која гостуваше.

„Мојата симпатија од детството, моја симпатија за цел живот е Џим Кери. Бев нервозна кога требаше да го запознаам, бијдеќи отсекогаш бев заљубена во него. Што доколку не е фин како што замислував? Но, тој беше и повеќе од фин, совршен и токму онаков каков што се надевав дека ќе биде“ - рече Ариана.

# Рис Витерспун

Актерката во која денес се вљубени многу тинејџери како девојка била опседната со Џони Деп, до таа мера што сите ѕидови ги излепила со негови фотографии. Тој ѝ се допаднал кога го гледала во филмот „21 Jump Street“ во 1987 година.

# Рајан Гослинг

Гослиг во 2013 година призна дека како мал бил заљубен во својата колешка од серијата „The Mickey Mouse Club“, Бритни Спирс.

„Бритни беше моја симпатија. Живееше над мене, девојката од соседството. Со таа мала девојка играв кошарка.“ - раскажа тој.

Тие двајца се пријатели и денес, а Бритни за време на гостувањето кај Елен Деџенерис негираше дека некогаш се бакнале.

# Бритни Спирс

Додека гостуваше во една емисија, на Бритни и беше поставено прашањето доколку може да бира, со кој би поминала еден ден, а таа без двоумење одговори: „Со Бред Пит“. Таа тогаш откри дека својата симпатија ја запознала малку пред тоа.

„Бев потполно глупава. Не знаев што да кажам“ - раскажа Спирс.

# Ештон Катчер

Во епизода од емисијата „The Graham Norton Show“ од 2011 година, Ештон изјави дека ја имал Џенифер Анистон на позадината на својот компјутер и дека во средно училиште се кладел со пријател во 1.000 долари дека ќе ја однесе на состанок.

„Ја запознав четири или пет години подоцна, а таа во тоа време беше во брак со Бред Пит. Затоа отидов кај него и го прашав за дозвола за да можам да одам на состанок со неговата сопруга. Ме погледна и кажа: „Само напред.“ Потоа ја прашав, но таа ме одби“ - раскажа Ештон.

# Зек Ефрон

Зек Ефрон во 2013 година изјави дека како тинејџер имал постери од супермоделот Тајра Бенкс во својата соба. Таа тогаш ја сподели информацијата во која тој го имаше изјавено тоа на својот профил на Твитер и напиша: „Те гледам! Па, треба ли да го побарам?“.

# Кејти Холмс

Кејти, која како мала била заљубена во Том Круз, успеа дури и да се омажи за него во 2006 година и да му ја роди ќерката Сури. Сепак, бракот траел само шест години, па во 2012 година тие се разведоа. Тајната за тоа дека Круз ѝ бил симпатија од детството ја откри на нејзината колешка Мери Бет Пејл.

„За него знаеше сѐ. Ми кажа „заљубена сум во него од 15 години, а неговите постери беа насекаде по ѕидовите на мојата соба“. Не можеше да престане да зборува за Том Круз. Ова беше пред да почнат да се гледаат, но таа уште тогаш беше подготвена за него“ - изјави Пејл.

# Ема Вотсон

Во 2012 година во една емисија, Ема призна дека била заљубена во својот колега од серијалот филмови за Хари Потер - Том Фелтон, попознат по името Драко Мелфој, по ликот кој го глумеше.

„Помеѓу 10 и 12 години бев многу заљубена во Том Фелтон. Тој беше неколку години постар и имаше скејтборд и тоа ми беше доволно“ - призна таа и откри дека Том не ѝ возвратил на чувствата, туку дека ја гледал како помала сестра.

# Џастин Тимберлејк

Тимберлејк како мал бил заљубен во Алиса Милано, која ја забележал во серијата „Who's the Boss“ од 1984 година, а со која кратко се забавувал во 2002 година.

„Како дете бев навистина заљубен во Сем од серијата „Who's the Boss“, а потоа кратко се забавувавме, па сето тоа ми беше чудно“ - призна тој во едно интервју во 2016 година.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: