ДЕНЕСКА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ЈА ДОНЕСЕ НАЈТЕШКАТА ОДЛУКА: Ќе даде поддршка за отворање на училиштата

ДЕНЕСКА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ЈА ДОНЕСЕ НАЈТЕШКАТА ОДЛУКА: Ќе даде поддршка за отворање на училиштата

Објавена во: Совети // School zone

На три недели пред старт на учебната година, членовите на комисијата за заразни болести денеска повторно ќе седнат на заедничка маса со претставници на Министерството за образование и наука за да ги усогласат деталите за тоа како ќе се довива образовниот процес во услови на епидемијата со корона вирусот. Протоколите и за основните и за средните училишта до Комисијата беа доставени уште во петокот, по што беше најавено дека тие во текот на викендот убаво ќе бидат разгледани, и за нив денеска ќе се дискутира многу подетално.

„Ова ќе ми биде најтешката одлука. Мојот став е јасен од почетокот, што се донесува до тоа дали децата да одат во училиште или не. Тие мора физички да присуствуваат во училиштата, но сепак, мора да кажам дека ова навистина ќе ми биде најтешката одлука. Претставниците од Министерството за образование и наука ги доставија протоколите и за основните и за средните училишта. Во петокот разменивме мислења за искуствата во Норвешка и во други земји каде училиштата функционираа и во време на епидемијата во нивните земји. Од друга страна гледаме дека дел од државите каде ги отворија вратите на образовните институции, повторно ги затвораат, како што е примерот со Израел, со САД и така натаму. Сметам дека епидемиолошката состојба во моментов не е најдобра, но не е и најлоша. Наједноставно објаснето е вака, ако 10 луѓе претходно можеа да заразат 12, сега 10 позитивни на Ковид-19 може да инфицираат 9, но се уште ги немаме оние посакувани бројки, на пример на 100.000 жители да има само 20 позитивни на вирусот. Сепак, сметам дека децата мора да одат во училиште, а според приложените протоколи, тоа ќе бидат одлично контролирани средини“ - вели епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата за здравство и директор на ЦЈЗ.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: