Denim Days во Fashion Group – попуст до 30%
Овој викенд го посветуваме на најуниверзалното, најбезвременото и најпосакуваното модно парче – фармерките. Доаѓаат во различни кроеви, модели, бои и дезени и можат да се искомбинираат за многу различни прилики. Вашиот стил може да биде класичен, модерен, авангарден, но сигурни сме дека дел од него се и совршениот пар фармерки. Да не ги заборавиме и останатите производи направени од тексас, како јакните, кошулите, шорцевите, кои исто така се версатилен и незаменлив моден избор.
За да уживате уште во повеќе во купувањето на деним парчиња, овој викенд Ви овозможуваме попуст до 30% на нашата онлајн продавница www.fashiongroup.com.mk. Посетете ја и купувајте од удобноста на Вашиот дом.