Денис Димовски за новата песна: Публиката го има последниот збор

Денис Димовски за новата песна: Публиката го има последниот збор

Објавена во: Stars // Музика

Неодамна се одржа музичкиот фестивал „Охридски трубадури“. На истиот победата ја однесе пејачката Биба Додева, а учество земаа и многу млади и талентирани имиња.

Помеѓу тие млади имиња, беше и Денес Димовски - момчето кое пред повеќе од 10 години ја освои Европа со неговиот „Роденденски бакнеж“. Тој ја отпеа „Јас без тебе не се будам“, со која го освои Второто место од жирито.

Виновникот за настанувањето на оваа песна е Кристијан Габроски, а истата веќе ја има на Јутјуб во аудио верзија.

„Во моментот работиме на реализација на спотот за песната. Публиката е таа која го има последниот збор дали некоја песна ќе биде хит или не“ - изјави Денис за напиот портал.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: