Денот кога се роди дознав што е вистинска, бесконечна и безусловна љубов: Внуката на Елена Ристеска наполни 8 години (ФОТО)
Тета Елена и оваа година со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на својата внука...
Внуката на поп пејачката и претприемачка Елена Ристеска, вчера наполни 8 години. Како секоја година, така и оваа, гордата тетка со емотивна порака и фотка јавно ѝ го честиташе роденден на Делфина.
На емотивната порака и фотографија на која позираат Елена, нејзината сестра Драгица и внука не останаа имуни ниту обожавателите на пејачката, а покрај нив и многу познати личности, колеги на Елена, кои ја искористија оваа можност за да ѝ посакаат најубави желби на Делфина.
„Среќен 8-ми роденден на мојата внука Делфина. Денот кога се роди дознав што е вистинска, бесконечна и безусловна љубов. Те сакам тети моја“ - напиша тета Елена покрај фотографијата.
фото: Принтскрин / Инстаграм