Денот кога сте се родиле открива каков ќе ви биде животниот пат: Среќните луѓе се раѓаат во недела, а интелигентните во среда
Деновите во неделата биле именувани по седум видливи планети,
а во антиката се верувало дека роденденот има големо влијание врз карактерот на
човекот и неговиот животен пат.
Понеделник
Во понеделник владее Месечината, а според народните преданија има само три понеделници годишно кои се сметаат за несреќни - првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот во декември. Како што Месечината е променлива, такви се и луѓето родени во понеделник, а емоциите имаат најголемо влијание врз нив. За нив е важно да имаат цврсти темели во животот, како што се семејството, пријателите и партнерот од кој ја црпат својата сила.