Десет најчести грешки кои ги правиме при купување на костими за капење: Не ги повторувајте

Десет најчести грешки кои ги правиме при купување на костими за капење: Не ги повторувајте

Објавена во: Мода // Moj стил

Повторно дојде летото! Доколку се уште немаш купено костим за капење, а истиот сигурно ќе ти биде потребен за на базен, море, сончање или пак дружење во дворот на пријателите, време е да го направиш тоа.

Во тренд се едноделните костими за капење, но ние сепак преферираме дводелни поради практичноста... Сите опции се веќе достапни во продавниците - сепак, пред да заминете во шопинг препорачуваме да ги прочитате овие упатства, за тоа кој модел да го одберете и да не ги повторите грешките кои сите ги правиме пред купување.

# Премногу се фокусираме на големината - како и при купувањето на останатите парчиња облека, големината навистина не е важна - во некои продавници ќе ви одговара „S“, во некои „M“ - не грижи се премногу околу тоа. Подобро пробај неколку големини и модели и самата погледни кој најдобро ти одговара - не е до тебе, до моделот е!

# Купуваме во комплет - доколку сакаш дводелен костим за капење, не мора по секоја цена да го купуваш во комплет. Многумина имаат поголеми гради, а помал обем на задникот или обратно, па можеби нема да ти одговара иста големина на горен и долен дел. Модните брендови конечно сфатија дека тие треба да се прилагодуваат на нас,  а не ние на нив и тоа е одлична вест - искористи ја таа предност и искомбинирај го костимот за капање според своето тело.

# Се трудиме да бидеме во тренд - да, сакаме да ги следиме, но не би требало тоа да го правиме по секоја цена. Одбери си удобен костим за капање кој брзо се суши (јајниците ќе ти бидат благодарни), во кој ќе сè ќе ти биде „спакувано“ и кој ќе одговара на твојот буџет. Секако, во него мора да се чувствуваш како вистинска морска сирена, волшебно и самоуверено.

# Носиме чевли кои тешки и напорно ги соблекуваме - на шопинг оди со апостолки, сандали или во патики без врвки, да за си ја олесниш работата. Доколку стапалата ти се голи, со себе носи си чорапи и облечи ги штом ќе ја соблечеш облеката - не би сакала да стоиш боса во гардеробата, колку и да ти делува чисто.

# Секогаш купуваме во иста продавница - сите имаме свои фаворите помеѓу продавниците, но дај им шанса и на останатите - ќе се изненадиш со понудите и можеби ќе го промениш мислењето.

# На себе не носиме соодветна долна облека - никогаш немој да го пробуваш долниот дел од костимот за капење на гола кожа, односно без да ги носиш своите гаќи (секако, од здравствени причини). Кога ќе се пуштиш во потрага по совршен костим за капење, секако да носиш тенки гаќи и да не ги соблекуваш кога ги пробуваш моделите кои ти се допаѓаат.

# Во шопинг одиме за време на ПМС - тогаш нашето расположение е променливо, стануваме емоционални и можно е погрешниот модел „да не извади од такт“ или да не ни се допадне нешто што би ни се допаднало неколку дена подоцна.

# Не се фотографираме во гардеробата - Кајли Џенер знае дека селфито во бикини може да помогне за време на изборот, бидејќи само така можеме истовремено да видиме како ќе ни стои од сите агли, што е особено корисно кога пробуваме нови модели. Исто така предноста е што фотографиите можеме да ги испратиме и на најдобрите пријатели (момчето или на мама) за да ни помогнат при изборот.

# Проучуваме како ни стои само на една светлина - понекогаш е добро да излеземе од гардеробата за да видиме како костимот за капење ќе ни стои на природна светлина или од друг агол - особено доколку е бел по боја.

# Во шопинг не одиме со пријателка - купувањето на костим за капење е идеална забава за пријателки, бидејќи од неа можеш да очекуваш искрен коментар (барем се надеваме) и помош кога ќе имаш потреба од тоа некој да ти додаде поголем или помал број на костими за капење. Секако, можеш и со мајка ти - едноставно оди со кој било, само немој сама.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: