Детаљ од Греми наградите кој никој не го забележа: Тејлор Свифт имаше мала незгода
Низ сѐ помина како вистински професионалец, но и среде црвениот килим...
Откако ја доби наградата за албум на годината, Тејлор Свифт се врати на црвениот килим на „Греми“ за да позира со наградата во раце. Незгодата која ѝ се случи, тогаш беше веќе очигледна - фустанот кој го носеше ѝ беше искинат под пазувите.
Но, бидејќи тоа не влијаеше на нејзиното расположение, многумина го пропуштија тој детаљ.
Според странските медиуми, нежната и скапоцена креација се искинала во моментот кога младата пејачка го прославила својот успех на сцената, заедно со Лора Сиск, Џек Антоноф, Џонатан Лоув и Арон Деснер порано истата вечер. Мини фустанот со потпис на познатиот дизајнер, патем, беше шиен специјално за неа, но очигледно, материјалот не е прилагоден на нагли движења.
Нервозата околу лошата среќа ја спаси само со доброто расположение. Тејлор „заборави дека се случи нешто лошо“, па со насмевка замина на црвениот тепих, каде фотографите го овековечија моментот.
фото: Profimedia