ДЕТЕ ГЕНИЈ: 12-годишник ја започнува втората година на студии по воздухопловно инженерство, а за сите успеси сила црпи од една желба
Паметното момче е на пат за две години да добие диплома по восдухопловно инженерство и надеж дека еден ден ќе може да работи за Илон Маск и да оди во вселената.
Дванаесетгодишниот Кејлеб Андерсон е втора година на Техничкиот колеџ во Џорџија во САД и веќе вниманието му е насочено на повеќе работи.
Младиот гениј го научил знаковниот јазик уште на девет месеци, научил да чита до првата година и да решава дропки на две години.
Меѓутоа, скромниот Кејлеб ги потценува генијалните тврдења, истакнувајќи за CBS: „Не сум многу паметен. Само брзо ги паметам информациите. Значи, ако побрзо учам, побрзо напредувам.“
Потоа додаде: „Ова е мојот живот. Ваков сум. И цел живот живеам на овој начин.“
Да биде толку паметен не му било секогаш лесно на Кејлеб, бидејќи сметал дека средното училиште му поминало одвратно.
„Таму децата, ме гледаа некако со презир, се однесуваа кон мене како да сум аномалија“ - кажа и потоа додаде: „И јас тоа сум“.
Но, тој многу повеќе ужива во времето кое го поминува на колеџ, а еве што кажа за „USA Today“: „Таму навистина ме прифатија. Луѓето можеби размислуваат за тоа како во средно училиште, но не покажуваат што е навистина убаво.“
Мајката му Клер објасни: „Сакаме да биде во окружување во кое е прифатен и таму каде ужива“.
Професорот Марк Костељо, претставувајќи го Училиштето за восдухопловно инженерство, истакнува дека Кејлеб е „совршен кандидат“ за курс и дека ќе „биде многу успешен“.
Гледано на долгорочно, Кејлеб се надева дека ќе успее да има пракса кај основачот на „Спејс Икс“, Илон Маск, а порано оваа година истакна: „Кога бев мал, секогаш сакав да одам во вселената. Мислев дека восдухопловното инженерство ќе биде најдобриот пат.“