Детски Евросонг: Македонија се пласира на деветто место, победник е Ерменија- Нашите имаа убедлив настап
Со одлична композиција и енергичен настап на Детски Евросонг, членовите на „ Дајте музика“ освоија вкупно 114 поени и се пласираа на деветтото место. Победник на изборот , кој се одржа во Париз, е Малена, претставничката на Ерменија, со 224 поени.
Кристина Мукаетова, Анастасија Џабирски, Миха Гигов и Филип Поповскиактерите и пејачи од популарната серија „Дајте музика“се претставија со темата Green Forces на Роберт Билбилов (музика и аранжман) и Робин Зимбаков кој го напиша текстот.
За победникот поддеднакво одлучуваше стручно жири од 19 земји учеснички на изборот и публиката.
„ Дајте музика“ од жиритио освоија 59 поени. Албанија ни додели 12, Азербејџан 10, Франција, Украина, Арменија и Ирска по 5 поени, Србија 3, а Грузија 2. Од гласовите на публика ни беа доделени 59 поени.
Македонското жири гласовите ги додели по следниот редослед : Бугарија(1), Ерменија (2), Азербејџан (3), Малта (4) ПОлска (5), Франција (6), Србија(7),Грузија (8), Албанија (10) и Русија (12).
Количината на поени што публиката ги додели одговара на количината на поени кои ги дава националното жири. Оваа година жирито додели вкупно 1.102 поени (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10, 12 поени x 19 земји учеснички). Поените на публиката се одредија според процентот на добиени онлајн гласови. На пример, ако некоја песна добила 20% од гласовите, тогаш таа добива 20% од достапните поени - поточно 20% од вкупно 1.102 поени, односно добива 220 поени. Значи, таа песна доби220 поени од публиката.
С.А.Н