Детскиот сон стана реалност: Балерината Стефанија е првата македонка која се вработи во Бољшој театарот
Младата Стефанија Гаштарска е првата македонка која успеа да се вработи во Бољшој театарот.
Една година завршила во Пермското балетско училиште во Русија и благодарение на својот тален школувањето го продолжува во врвната Московската Болшој балетска Академија.
Интересен е фактот што таа е единствена во историјаа на македонскиот балет која е примена и се школува таму и тоа во руски клас. Првата година во ова најпрестижно училиште ја завршува како најдобар студент и добива специјална диплома, која го краси нејзиниот дом благодарение на петките по сите 22 предмети, како и поради успешните настапи во Кремлин дворецот и Болшои Театарот со одграни соло улоги.
„Со балетот започнав кога имав 9 години. Мајка ми е балерина, така што многу често користев да одам да ги гледам пробите во театар, претставите и наставата, потоа тука се многуте видеа на Јутјуб и се заљубив во балетот: убавите костими, неверојатната класична музика, чекорите, кореографијата, сцената... чувствував дека тоа е сон... убав нов свет за кој не нзаат сите луѓе... и имав само една цел: ДА БИДАТ ПРИМА БАЛЕРИНА НА БОЛШОЈ ТЕАТАРОТ. Знаете исто како сите други деца, но јас бев мртва сериозна за тоа.“ - вака ја започна својата приказна во статусот кој го сподели на Фејсбук.
Нејзиниот детски сон денес е реалност, а тоа официјално го потврди театарот кој е сон на секоја балерина.