СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Стефанија Гаштарска, младата балерина која ќе го освојува светот!
Наша овонеделна сипматија е младата и талентирана балерина Стефанија Гаштарска која има 17 години. Една година завршила во Пермското балетско училиште во Русија и благодарение на својот тален школувањето го продолжува во врвната Московската Болшој балетска Академија.
Таа е во класата на Ирина Михајловна Пјаткина – прима балерина во Болшои Театарот, која моментално е педагог по класичен балет во академијата каде што студира Стефанија.
Интересен е фактот што таа е единствена во историјата на македонскиот балет која е примена и се школува таму и тоа во руски клас. Првата година во ова најпрестижно училиште ја завршува како најдобар студент и добива специјална диплома, која го краси нејзиниот дом благодарение на петките по сите 22 предмети, како и поради успешните настапи во Кремлин дворецот и Болшои Театарот со одграни соло улоги.
Освен специјалната диплома, Стефанија има освоено многу награди и признанија на реномирани светски професионални натпревари. Помеѓу најважните се вбројуваат: сребрениот медал од „World Ballet Competition 2015“– Сибиу, сребрен медал од „Domenico Modugno – Ballet Competition 2015“– Бари, Италија, како и финалст на еден од најзначајните натпревари „ARABESQUA“ балетски натпревар кој се одрува во колевката на балетската уметност во Русија.
Стефанија вели дека љубовта кон балетот и е од нејзината мајка, која исто така е балерина. Како мала одела на сите балетски претстави, па некако природно се родила љубовта кон прекрасната класична музика, костими, сценографија, балетски чекори. Како мала сфатила дека балетот е тоа што го сака и дека тој ќе биде нејзина идна професија.
Нашата редакција и посакува многу успеси на оваа млада и надежна балерина, која со само 17 години има што да покаже, но и има и со што да се пофали!
И.М