Дева Касел е копија на својата мајка: Ќерката на Моника Белучи реди успеси, а за нејзината убавина светот зборува
Една од најубавите жени на светот Моника Белучи објави фотографија со ќерката Дева, која ја доби во бракот со колегата Винсен Касел...
Манекенката Дева Касел (17), ќерката на поранешната актерска двојка Моника Белучи (57) и Винсен Касел (55), израсна далеку од очите на јавноста, а потоа вплови во светот на моделингот и застана пред светлата на рефлекторите.
На 16 години ја красеше насловната страница на француското издание на престижниот магазин „Elle“ и Моника тогаш не ја криеше среќата и гордоста поради својата наследничка. А, потоа стана заштитно лице на престижниот моден бренд „Долче и Габана“.
Многумина ѝ предвидуваат голема кариера, а гордата мајка сега се пофали со новиот успех на својата ќерка. Имено, Деца се појави и на насловната страница на шпанското издание на модниот магазин „Glamour“.
Италијанската актерка сподели една фотографија од едиторијалот на кој Дева позира со мачка, по што почнаа да се редат коментарите за тоа колку многу личи на мајка си.
Покрај Деца, Моника и Винсен ја имаат и 11-годишната ќерка Леони.
Да потсетиме, познатата италијанска актерка и францускиот актер се запознаа во 1996 година, додека заедно го снимаа филмот „The Apartment“. Судбоносното „да“ го изговорија во 1997 година.
Додека беа во брак, живееја во одвоени станови, за да не влегуваат во рутините и да не си станат навика еден на друг.
Сепак, се разведоа во 2013 година, а Моника по разводот среќата ја пронајде со 18 години помладиот уметник и сценограф Николас Лефебре, со кој е во врска од 2017 година.
Винсен ужива во љубовта со 31 година помладата бразилска манекенка Тина Кунаки, која во 2019 година му ја роди ќерката Амазон.